1На 25.03.2019 година во кабинетот на министерот за здравство, д-р Венко Филипче, се одржа работна средба во врска со нашите активности за донесување на нов Правилник за индикциите за остварување на правото на ортопедски и други помагала, Листа на ортопедски помагала и друга пропратна документација, со кои ќе се воведат пофункционални, потрајни, поцврсти, посигурни, пософистицирани ортопедски помагала и компоненти за нивна изработка, а се со цел да се подобри личната мобилност, статиката, подвижноста и независното живеење на лицата со телесен инвалдитет, при што се подобрува и можноста за нивна непречена социјална инклузија и целосна интеграција во општеството, како и на измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување, Законот за здравствена заштита и подзаконските акти со кои ќе се обезбеди подобра здравствена заштита за лицата со инвалидност во нашата држава.

На средбата кај министерот Филипче учестуваа и директорите на ФЗОМ, Ден Дончев и Орхан Рамадани, финансискиот директор во ФЗОМ, Миле Сугарев, директорот на ЦОП Славеј, Горан Чаловски, советникот на премиерот и претседавач на Координативното тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидност, Спасе Додевски и претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски.
Ова активност Мобилност Македонија интензивно ја спроведува по пат на преписки, преговори и работни средби од почетокот на 2017 година, а поинтензивно од септември 2017 година и за жал се уште немаме конкретни акции за подобрување на состојбата, освен неколкуте измени кои во суштина не ја подобрија состојбата значително. Свесни сме дека нашите барања за подобрување на положбата и воведување на нови ортопедски помагала ќе имаат адекватна фискална импликација во буџетот на ФЗОМ, меѓутоа факт е исто така и дека некои работи конечно ќе мора да се поместат во позитивна насока. Беше договорено сите страни во преговорите да се обидеме да излобираме позначајни средства од Буџетот за 2020 за ова намена, а во тековната 2019 година да предложиме скратена листа на приоритети врз кои би се направилна одредена интервенција со измени и дополнувања на Правилникот. Новоформираната Работна група ќе ја координира советникот на премиерот, Додевски и истата во најскор рок треба да се состане, односно по соодветна подготовка од стручните лица од ФЗОМ, кои треба да направат одредени анализи за сегашните финансиски зафаќања со финансиската состојба по имплементирање на некое од нашите барања. Како основен приоритет им го потенциравме: правото на стандардно лесна количка за сите постојани корисници, правото на активна количка според одредени критериуми, правото на електромоторна инвалидска количка без условување лицето да е на школување или редовен работен однос, право на повеќеосовински пневматски или хидраулични коленски зглобови за надколени протези, активни стопала, лајнери и можност за доплата на разликата во цена над референтната цена при набавка на ортопедско помагало.

1.jpg 2.jpg