НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

Средба на претставниците на Националните инвалидски

организации со најуспешните бизнис компании во Македонија

slika2Во организација на Министерството за труд и социјална политика, на 16.10.2013, претседаелот на Мобилност Македонија заедно со претставниците на националните сојузи на слепи, глуви и наглуви и интелектуално попречени лица присуствуваше на работна средба со преку 30 претставници од најуспешните компании од бизнис секторот во Македонија. Средбата се одржа во Конгресната сала во Спортскиот центар “Борис Трајковски” во Скопје.

По воведните зборови на министерот за труд и социјална политика, г-дин Диме Спасов, претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, пред бизнисмените ја искажа потребата на телесните инвалиди од вработување во отвореното стопанство, бенефитите кои тие како работодавачи ги добиваат од државата и ги повика заедно да ја срушиме парадигмата дека лицата со инвалидност се болни и неспособни, туку напротив дека се моќни и способни, и заедно да ја промениме јавната свест и да се стремиме кон општество без бариери и со потполно разбирање и уважување на различностите. Ги повика бизнисмените да размислат колку нивните фирми и дуќани се пристапни за лицата со потежок телесен инвалидитет и им посочи дека непристапноста двојно не хендикепира, еднаш како потрошувачи и корисници на услуги, и вторпат како можни вработени во истите фирми и даватели на услуги. Претседателот ги повика бизнисмените да донираат средства во посебен фонд во кој би се акумулирале со цел да им се помогне директно на лицата со телесна инвалидност во доплата при набавка на поквалитетни и пософистицирани ортопедски помагала, но и во современа ИТ апарати за функција на 17-те здруженија на Мобилност Македонија. Ова беше само првиот контакт. Очекуваме акцијата да продолжи и понатаму преку непосредни контакти со бизнисмените кои впрочем пополнија прашалници кои ги подготви службата на Министерството за труд и социјална политика.