НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

001На 23.12.2025 во Клуб на пратеници, со почеток од 10:00 часот, беше одржана информативна средба помеѓу претставници на МСПДМ и претставници на инвалидските организации и здруженија.
Министерството за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ), во рамките на „Проектот за администрирање на социјалното осигурување“, поддржан од Светска банка, го започна процесот на пилотирање на системот за проценка на лицата со попреченост, согласно Законот за системот за проценка на лица со попреченост.

Во рамките на таа активност планирано е спроведување на информативни средби со различни чинители со цел запознавање на активностите кои се преземаат од страна на МСПДМ со цел ефикасно спорведување на процесот на пилотирање и проценка за лица со попреченост.

Повеќе...

003Вчера, 02.12.2025 година во хотелот " Double Tree by Hilton во Скопје, на пригоден начин беа доделени признанијата Ability Awards за 2025 година во 20 категории.

Ова беше второто издание на манифестацијата, а меѓу десетте лауреати од редот на лицата со попреченост, беа номинирани и се закитија со признанија и членовите на Мобилност Куманово, Кратово и Крива Паланка и тоа:
Елена Давитковска во категоријата - СПОРТ, и
Елизабета и Новча Тодоровски, во категоријата - САМОСТОЕН ЖИВОТ.

Честитки до добитниците на признанијата, пособена честитка до нашите членови, сосема заслужено.

Да потсетиме, на првото издание на Ability Awards, кое се одржа минатата година, нашиот член Бранимир Јовановски го доби признанието - БОРЕЦ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Повеќе...

016Денес, 04.12.2025 година, во ресторанот "Гардениа" во Велес, со пригодна свеченост беше одбележан 4. ДЕКЕМВРИ - Ден на лицата со телесен инвалидитет на Македонија.
Настанот започна со интонација на химната на Република Македонија, како и химната на градот Велес.

Потоа на присутните им се обрати градоначалникот на Велес, Марко Колев, а во отсуство на претседстелот на сојузот, Бранимир Јовановски, неговиот говор го прочита секретарот Гораст Велјовски, кој ви го пренесуваме во целост:

Повеќе...

009На 02.12.2025 година, во "Порта Македонија" во Скопје, во организација на Мобилност Македонија, се одржа изложба на ликовни дела од Ликовната колонија "Мобилност 2025", одржана во Охрид 09-15.10.2025 година.
Врамените дела имаа можност да ги видат дел од уметниците кои учествуваа на колонијата, членовите од здружените членки на сојузот, како и нашите пријатели и подржувачи на нашите активности.
Пред присутните гости се обрати претседателот на сојузот, Бранимир Јовановски, а во името на уметниците говореше Проф. Димитар Миладинов.
Настанот заврши со пригоден коктел.
Средства за организација на овој настан беа обезбедени од Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Повеќе...

001polioСветскиот ден на полиомиелитис се одбележува на 24 октомври секоја година. Полиомиелитисот е многу заразна болест предизвикана од вирусот на полиомиелитис.

Мобилност Македонија се придружува кон одбележувањето на 24 Октомври - Меѓународен ден на Полиомиелитисот, со објавување на овој текст, кој треба да придонесе за подигање на свесноста за потребата од заштита и имунизација на децата во најрана возраст.

Темата на Светскиот ден на полиомиелитис за 2025 година е „Крај на полиомиелитисот: За секое дете, вакцина насекаде“. Оваа тема ја нагласува итната потреба да се обезбеди за секое дете, во секој дел од светот, да ја прими вакцината против полиомиелитис.

Виолетовата е симболична боја за Светскиот ден на полиомиелитис. Кампањата со виолетова боја ги означува имунизираните деца со виолетово мастило. Кампањите и постерите често ја истакнуваат оваа боја за да покажат поддршка за искоренување на полиомиелитисот низ целиот свет.

Повеќе...