003

Од 01-03.09.2025 година во Врњачка Бања, Србија, беа одржани 33. Републички спортски игри на параплегичари и квадриплегичари на Србија на кои учествуваа спортисти од: Србија, Македонија, Словенија и од Црна Гора.

Во прекрасен амбиент и во услови на многу топло време, боите на Мобилност Македонија на игрите ги бранеа: Елена Давитковска, Зоран Јовановски и Златко Арсовски. За учество на игрите беше повикан и Гоце Миновски, меѓутоа тој го откажа учеството од здравствени причини.

На покана на претседателот на СПИКС, Ненад Дураковиќ, на игрите присуствуваа и претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, и секретарот, Гораст Велковски, кои остварија работна средба на која ги договорија следните чекори на заедничка соработка, а кон крајот на септември ќе одржат и онлајн конференција на која ќе биде договорено можно аплицирање на Еразмус + проекти.

На спортско поле, најдобар резултат постигна Елена Давитковска во класа Ф56, која во сите три дисциплини освои втори места и се закити со 3 сребрени медали. Елена ги постигна следните должини: Ѓуле 3,58 метри, Диск 8,61 метар и Копје 7,89 метри.

Првите места во нејзина конкуренција ги освои Ивана Арсиќ со следните должини: Ѓуле 4,35 метри, Диск 9,77 метри и Копје 9,72 метри.

Зоран Јовановски во класа Ф55 освои две трети и едно четврто место и освои 2 бронзени медали. Зоран ги постигна следните должини: Ѓуле 4,72 метри, Диск 14,62 метри и Копје 11,23 метри.

Првите места во неговата конкуренција го освои српскиот сребрен параолимпиец Небојша Ѓуриќ со резултати: Ѓуле 7,25 метри, Диск 21,69 метри и Копје 18,71 метри.

Златко Арсовски освои четврто, и две шести места. Златко ги постигна следните должини: Ѓуле 4,03 метри, Диск 11,02 метри и Копје 8,94 метри.

Првите места во неговата конкуренција го освои српскиот параолимпиец Милош Зариќ со резултати: Ѓуле 6,52 метри, Диск 17,40 метри и Копје 19,37 метри.

Честитки за успесите на нашите спортисти.

 

001.jpg 002.jpg 003.jpg

004.jpg 005.jpg 006.jpg

007.jpg 008.jpg