НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

Активности

LogoОдржана конститутивна седница на Собранието на Мобилност Македонија

            Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија на 28.02.2015 година одржа конститутивна седница на Собранието на сојузот за мандатниот период 2015-2019 година.

            По спроведените избори во седумбнаесетте здруженија, членки на Мобилност Македонија, беше составен списокот на 35 нови претставници за состав на Собранието на националниот сојуз.

            Седницата до избор на претседател ја водеше најстариот член, Штерјо Нниколов од Штип. По изборот на записничар и двајца оверувачи на записникот, бе избрани верификациона и кандидациона комисија.

Повеќе: Седница на Собранието на Мобилност Македонија

2Мобилност Струмица, во соработка со тим од  Општина Струмица изготви проект кој беше поддржан од Германската Амбасада во Скопје. Германската Амбасада за членовите на Мобилност Струмица обезбеди грејно тело,  електричен камин,кој ке се користи во канцеларијата, како и склоплива рампа, наменета за возилото на Мобилност Струмица, како и за полесно премостување на одредени помали архитектонски бариери. На примопредавањето на оваа донација од страна на претседателката Лилјана Матеничарска и госпоѓа Марина Серафимова- претставник од Германска Амбасада, беа присутни и претставници на Општина Струмица, како и повеке членови на Мобилност Струмица. Во знак на благодарност за хуманиот гест на Амбасадата на Р.Германија, претседателката Лилјана Матеничарска, на госпоѓа Марина Серафимовска  и врачи уметниичка слика, насликана од нашата позната сликарка Роза Мојсовска да ги краси просториите во Амбасадата.

Повеќе: Донација за Мобилност Струмица

IMG 8904 a Ljubljana DragonBridgeВо последната деценија, словенечкиот главен град Љубљана е во постојано развивање и привлекување на се повеќе и повеќе посетители од целиот свет. На почетокот на декември 2014 година, Љубљана ја доби третата (бронзена) награда за „Пристапен град за 2015 година“, која е доделена од страна на Европската комисија. Ова признание ја сврстува Љубљана меѓу најуспешните европски градови во областа на  пристапноста на јавниот простор за лицата со инвалидност.

Повеќе од 60 европски градови учествуваа на овогодинешниот натпревар за престижната награда, која се доделува од страна на Европската комисија. На доделувањето на наградите во Брисел, на почетокот на декември, шведскиот град Борас ја доби првата награда, финскиот град Хелсинки ја доби втората награда, додека на Љубљана и припадна третата (бронзена) награда.

Наградата „Пристапен град“ е иницијатива на Европската комисија, дизајнирана со цел да се обезбеди поттик за реализирање на основните цели на пристапност опишани во Европската стратегија за лицата со инвалидност за периодот 2010 - 2020 година. Нејзината цел е да ги потенцира и награди градовите кои систематски ги планираат и спроведат мерките за подобрување на пристапноста во урбаната средина за лицата со инвалидност во однос на јавните простори, станови, детски игралишта, јавниот транспорт и комуникациска технологија.

Повеќе: Љубљана третото место во „Пристапен град за 2015“

0Одбележан „4 Декември“ - Ден на лицата со телесен инвалидитет на Македонија

            Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија на 4.12.2014 година во ресторанот Арена во Тетово со пригодна програма го одбележа „4 Декември“ Денот на лицата со телесен инвалидитет на Македонија. Оваа година, кога одбележуваме 28 години успешна работа на Мобилност Македонија, домаќин на манифестацијата беше Мобилност Тетово кои вложија навистина голем напор да обезбедат максимални технички услови и одлична културно-забавна програма со што придонесоа за збогатување на содржината на манифестацијата.

Повеќе: Одбележан „4 Декември“

0Изложба на дела од V Ликовна колонија „Охрид 2014“

            На 02.12.2014 година со почеток во 19 часот во изложбениот простор на Порта Македонија, во присуство на голем број на наши членови од повеќе здруженија, како и поканети гости и ликовни уметници, свечено беше отворена Изложба на дела од V Ликовна колонија „Охрид 2014“.  Изложбата ја отвори претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, истакнувајќи дека една идеја од пред 5 години со која сојузот им овозможи на нашите талентирани членови да творат заедно со академски уметници, прерасна во традиционална меѓународна манифестација која оваа година го имаше своето петто издание.

Повеќе: Изложба