На 12.05.2012 година во 10,00 часот во просториите на Министерството за труд и социјална политика се одржа работен состанок во врска со имплементацијата на членот 84-а од Законот за социјална заштита кој се однесува на додатокот на мобилност и додатокот за слепило. На состанокот учествуваа: министерот Спиро Ристовски, заменикот министер Ибрахим Ибрахими, претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, генералниот секретар Софка Прчева и претседателот на Националниот сојуз на слепи на РМ, Жарко Селковски.
Од 23-29.04.2012 година во Охрид во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија се одржа третата по ред меѓународна ликовна колонија на која учествуваа 14 автори од Македонија, Србија и Бугарија и тоа: проф. Зоран Јакимовски од Куманово, проф. Димитар Малиданов од Скопје, проф. Никола Николов од Велико Трново - Бугарија, Ива Сарчева од Габрово, Бугарија, Брацо Азариќ и Миодраг Вукиќ од Кикинда, Србија, Јанко Лацо од Зрењанин, Србија, Роза Мојсовска од Струмица, Афердита Кики од Скопје, Валентина Илиевска од Куманово, Даниела Илиевска од Ресен, Јана Јакимовска од Скопје, Александра Петкова од Скопје и Адријана Мациев од Скопје.
ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА ПОВОЛНА ПОНУДА ОД ONE

За членовите на Националниот Сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, ONE понуди два тарифни модела во мобилната и фиксната телефонија:
- Тарифeн модел ONE Mobile Care
- Тарифeн модел на ONE Fix Care
Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија
Адреса: ул. „11 Октомври“ бр. 42а
1000 Скопје
Телефон/Факс: 02 32 11 280