НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

Активности

sobranie 3Вторник и петок се денови кога членовите на МОБИЛНОСТ ги користат клупските простории и спортската сала. Вообичаено пристуни 10-15 членови, некогаш и повеќе, а некогаш помалку, но секогаш неколку. Изборните активности зазедоа голем простор и ние бевме на две закажани трибини. Покрај ова, мора да се спомнат и неколку позначајни настани.

На 06.02.2013 година, со почеток од 9.30 часот во просториите на Хотел „Епинал“ во Битола, делегација на МОБИЛНОСТ Битола составена од Фанче Ѓоргиевска, Димче Христов и Виолета Настевска, зеде учество во работилницата организирана од Центарот за развој на Пелагонискио плански регион и Преда плус, со поддршка на УСАИД. Оваа работилница е дел од проектот чија цел е развивање на јавно-приватен и регионален дијалог и партнерство со поддршка. Иако целта е подигање на капацитетот на мали бизниси, искуствата се драгоцени, а познанствата значајни за поддршка и разбирање на нашата проблематика. Со други зборови, ваквите настани се и тоа како значајни во градењето на имиџот на нашето здружение и запознавање на што поголем број на луѓе, можеби идни големи бизнисмени.

Повеќе: Активности на МОБИЛНОСТ Битола

parkingПоттикнати од се почестите јавувања на нашите засегнати членови, Мобилност Македонија се обрати со молба до ЈП градски паркинг Скопје и до Советот на градот Скопје да ја разгледа нашата иницијатива и да донесе измена на Одлуката со која на обележаните возила на лицата со инвалидност од територијата на Република Македонија ќе им се дозволи користење на обележаните паркинг места за лица со инвалидност под исти услови како и за лицата - жители на градот Скопје.

Советот на градот Скопје има донесено Одлука за јавните паркиралишта од значење за градот Скопје во која членот 29 гласи:

Повеќе: Паркинг места за лица со инвалидност во Скопје

LogoНационалниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија достави барање до Владата на Република Македонија за одобрување на проект за обновителна рехабилитација за 400 лица со телесен инвалидитет годишно и најмногу 50 придружници, кој ќе се реализира преку Министерството за труд и социјална политика и Мобилност Македонија.

Владата на РМ беше запознаена дека Мобилност Македонија, како доброволна, општествено хуманитарна и национална организација на лицата со телесeн инвалидитет на Република Македонија ги претставува и застапува лицата со телесна инвалидност и нивните интереси во комуникација со државните органи во Република Македонија и на меѓународно ниво. Во Мобилност Македонија доброволно се здружени 17 општински и меѓуопштински инвалидски организации со вкупно 7.200 членови кои имаат пречки во мобилноста поради телесна инвалидност предизвикана од: параплегија, дистрофија, ампутација на екстремитет, детска парализа, церебрална парализа, мултиплекс склероза и други невро мускулни или коскени заболувања, со сочувани ментални способности.

Повеќе: Oбновителна рехабилитација за 400 лица годишно

ukimНационалниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија побара од Ректоратот на УКиМ Скопје толкување на Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, објавена во Универзитетски гласник бр. 199 од 03.02.2012 година со која во член 5 се носи измена со која се вели: „Во членот 322, став 2, зборовите „да студираат без плаќање партиципација и кофинансирање на студиите” се заменуваат со зборовите: „на дополнителни испитни рокови за завршно оценување”.“

Дел од нашите членови се во период на оформување на своето образование на некој од факултетите во состав на УКиМ и од пред извесно време се најдоа засегнати од Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на УКиМ објавена во Универзитетски гласник бр. 199 од 03.02.2012 година.

Повеќе: Толкување на Статутарна одлука на УКиМ

bppКако резултат на проектот „Следење на примената на Законот за бесплатна правна помош“ спроведуван од 6 здруженија на граѓани во соработка и подршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија во 2011 и 2012 година, од 29 јануари оваа година стартуваше нов портал за бесплатна правна помош.

Името на порталот е „Пристап до правдата“ кој се залага за промоција на бесплатната правна помош и овозможува еднаков пристап до правдата за сиримшните граѓани и ранливите категории граѓани, односно има за цел да го олесни пристапот до правдата на граѓаните.

Повеќе: Бесплатна правна помош