На 31.07.2019 година со почеток во 10 часот во просториите на Центарот за ортотика и протетика „Славеј“- Скопје, се изврши предавање на ортопедски помагала и додатоци за инвалидски колички од страна на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија и Министерството за труд и социјална политика, на 36 лица со телесен инвалидитет. На настанот присуствуваше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
„МТСП се грижи за сите граѓани со одредени попречености или телесни инвалидности за да можеме да направиме максимум и во делот на права и во делот на услуги за навистина да се подобри квалитетот на нивниот живот. Министерството прави напори со обезбедувањето средства потребни за функционирањето на Националниот сојуз на инвалидски организации и Национален сојуз на телесно инвалидизирани лица на Македонија – Мобилност Македонија да ја поттикне работата на полето видливост на лицата со попреченист, а со овие ортопедски помагала и олеснувањето на движењето, присуството на лицата со попреченост во социјалниот живот ќе биде секојдневиe“, изјави министерката Царовска.
Повеќе: ДОДЕЛЕНИ ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА И ДОДАТОЦИ НА 36 ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ
На 21.07.2019 година, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, на платото пред Домот на културата „Антон Панов“, во рамките на „Струмица ОПЕН фестивал 2019“, се одржаа 25-тите Музички средби на лица со телесен инвалидитет на Македонија во организација на Мобилност Македонија и со финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика.
14 учесници од Скопје, Битола, Прилеп, Велес, Кавадарци, Штип, Радовиш и Струмица се натпреваруваа кој поубаво ќе отпее, а се пееја традиционални македонски народни песни. Во официјалниот програм настапија:
Повеќе: Во Струмица се одржаа 25-тите Музички средби на лица со телесен инвалидитет
На 23.06.2019 година во дворот на Центарот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ во Скопје беше одржана VIII масовна средба на лицата со телесен инвалидитет на Македонија.
Средбата традиционално се организира под мотото „Сплотени, достоинствени и силни“, со што сакаме да испратиме силна порака до институциите во државата дека само вака обединети и организирани ќе имаме сила да се избориме за потполна инклузија на лицата со телесен инвалидитет во сите пори на општеството на еднаква основа со другите. Исто така сакаме да ги потсетиме институците за обврските на државата за подобрување на пристапноста, здравствената заштита, образованието, вработувањето и целосната социјална инклузија на лицата со телесен инвалидитет, во духот на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност и Препораките на Комитетот за правата на лицата со инвалидност при ООН од 21.09.2018 година.
Повеќе: VIII МАСОВНА СРЕДБА НА ЛИЦАТА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА
Сојузот на параплегија и квадриплегија на Србија, во деновите од 12.06.2019г. до 14.06.2019г. во Бор, под мотото “ Еднакви во спортот “, ги одржа 27-те спортски игри “ СЕНИ-27.РСИ “.
Мобилност Македонија со свои трофејни спортисти во атлетика од огранокот на параплегија, класифицирани по меѓународната класификација на атлетичари, гостуваше на овие спортски игри, достоинствено се претстави и постигна задоволителни резултати и тоа;
1.Гоце Миновски ,(категорија М ф5 3) ,освоени;
Ѓуле-1 место , Диск-2 место, Копје-2 место ,
2.Зоран Јовановски , (категорија М ф5 5), освоени;
Диск-1 место, Ѓуле-2 место, Копје-3 место ,
3.Елена Давитковска , (категорија Ж ф5 6), освоени;
Диск-1 место, Ѓуле-1 место и
4.Златко Арсовски-учесник со задоволителни резултати.
За одличната организација и безпрекорната гостопримност, Мобилност Македонија им се заблагодарува на Сојузот на Србија и домаќините во Бор, и верува во долгорочна соработка и спортско дружење помеѓу овие две соседни државни здруженија на параплегија.