
На 29.10.2022 година, во Струмица, во организација на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Струмица - Мобилност Струмица, а со финансиска поддршка на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, се одржа 23-то издание на манифестацијата „Тортијада“, на која се натпреваруваа лица со телесен инвалидитет од 10 здружени членки на сојузот и тоа: Скопје, Куманово, Велес, Битола, Кавадарци, Радовиш, Гевгелија, Штип, Кочани и Струмица.
Од 01-07.10.2022 година, во Охрид, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, се одржува единаесеттата меѓународна ликовна колонија на која учествуваат 16 ликовни уметници од нашата држава и регионот и тоа: Роза Мојсовска, Проф. Зоран Јакимовски, Петар Попчев, Живко Пренџов, Стојче Тоциновски, Емилија Тоциновска, Далибор Јовановски, Стефан Јакимовски, Богоја Мојсовски, Виданка Мојсовска, Славко Упевче и Мики Трендафиловски, од Република Северна Македонија, Клара Касаш Томиќ, Станислава Летиќ и Јасмина Мина од Република Србија и Пламен Втчев од Република Бугарија.
На 01.10.2022 година, во Бања Лука, се одржа 14. Меѓународен шаховски турнир „Бања Лука 2022“, во организација на Сојуз на параплегичари и заболени од детска парализа и останати телесни инвалиди на Република Српска, на кој учествуваа 6 екипи од: Словенија, Србија Босна и Херцеговина и Северна Македонија.
Од 06-09.09.2022 година, екипата на Мобилност Македонија во состав: Елена Давитковска, Гоце Миновски, Зоран Јовановски и Златко Арсовски, учествуваа на јубилејните 30. Републички спортски игри на Сојузот на параплегичари и квадриплегичари на Србија (СПИКС), што годинава се одржаа во Врњачка Бања.