НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

16-та традиционална манифестација „Tортијада 2013“

slika 3Во саботата, на 9 ноември во хотелот „Цар Самуил“ во Банско Струмица се одржа 16-та традиционална меѓународна манифестација „Тортијада 2013“ во организација на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Струмица – Мобилност Струмица, а финансиски подржана од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија.

Учесниците ги пријавуваа тортите под шифра на самиот ден на пристигнувањето. Според пропозициите учесниците имаа право да ги донесат тестата за тортите направени, а филувањето и декоративниот дел од тортатата го приготвуваа пред жири комисијата.

Според пропозициите доколку тортата имаше украсен дел кој неможе да се употребува како храна, учесникот ќе беше дисквалификуван. Екипите имаа обврска да ги донесат како потребниот материјал за изработка на тортата, така и потребниот алат за приготвување на истата. Според организаторот на манифестацијата, направените торти останаа да се   послужат  присутните гости.

Претставничиките на „Вешта жена“ од Струмица: Мерима Тушка, Милица Галевска и Данче Петревска, беа во состав на жири комисијата која ги оценуваше тортите, прво изработката на самата тортата, нејзиниот изглед и нејзиниот вкус.

На „Тортијадата 2013“ учествуваа екипи од 14 здруженија на Мобилност Македонија и една екипа од Нови Кнажевац Србија, претставнички на Здружението на заболени од мултипла склероза на Северно-банатскиот округ.

Приготвените торти беа преубави, сите носеа порака со својот изглед, а жири комисијата како најубави и највкусни ги одбра тортите на Мобилност Кичево, Мобилност Охрид и на Мобилност Струмица. Тортата на Мобилност Кичево со назив „Водарка на бунар“ го освои III-то место и доби парична награда од 1000 денари. Мобилност Охрид ја освои II-та награда во износ од 2000 денари со тортата под име „Охридско Езеро“. За најубава торта, жири комисијата ја прогласи тортата на Мобилност Струмица под име: „Аверијада“ и доби парична награда од  3000 денари.

Домаќинот  на манифестацијата, Мобилност Струмица со помош на донации од локалната самоуправа и бизнис заедницата на Струмица,  ги награди и останатите учеснички на „Тортијадата 2013“ со скромни подароци.