НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

Измени во Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала

7Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија имаконтинуирана, а во последно време мошне интензивна комуникација со Фондот за здравствено осигурување на Македонија поднесувајќи повеќе предлози и барања за остварување на право на ортопедски помагала, намалување на партиципација и рокови на користење на истите, како и за зголемување на референтни цени. За таа цел беа остварени и две средби со директорот Џемали Мехази, а во очекување сме да оствариме средба и со директорката Маја Парнарџиева Змејкова. Во истиот период ФЗОМ интензивно работеше на подзаконските акти за остварување на права за ортопедски помагала согласно барањата кои ги имаа од нашиот сојуз, здруженија на пациенти, здравствени установи и осигуреници. ФЗОМ излезе во пресрет на голем број од овие барања и направи определени измени на Правилникот за индикациите за остварување на право на ортопедски и други помагала. Овие групи на измени придонесуваат до поголеми права на осигурениците кои ги користат ортопедските помагала а воедно значат фискални импликаци спрема ФЗОМ во вредност од околу 15 милиони денари годишно. ФЗОМ на 21,07.2013 година ги објави измените на овие групи на ортопедски помагала меѓу кои и на оние кои се донесени согласно нашите иницијативи и се од корист за нашите членови:

-Намалување на утврдениот рок на употреба на ортопедските помагала – протези за долни екстремитети од 36 на 24 месеци за возрасна група од 18 – 65 години (по барање од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија).

-Намалување на утврдениот рок на употреба на ортопедско помагало- миоелектрична протеза од 36 на 24 месеци за возрасна група од 6 до 18 години (по барање на осигуреници и здравствени установи).

6-Намалување на партиципацијата за надколените и подколените ортози од 100,00 денари на 10,00 денари (Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија) .

-Намалување на утврдениот рок на употреба на ортопедските помагала – ортопедски чевли за возрасната група од 0 до 7 години со скратување на рокот од 12 на 6 месеци, и за возрасната група од 7 до 18 години со скратување на рокот од 12 на 9 месеци (по барање од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија и осигуреници).

-Дополнување на начинот на изработка за ортопедските помагала Подколен апарат со скочен зглоб и метална сандала и Радијалис апарат со сериски со прилагодување (по барање на ортопедски куќи).

-Дополнување на начинот на пропишување на ортопедското помагало Надколена корективна лонгета со корекција на контрактури во колено и скочен зглоб со специјалност хирург (по барање на Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје).

Во своето соопштение ФЗОМ вели: „Се надеваме дека овие измени ќе придонесат до поквалитетен живот на овие групи на осигуреници и ќе им се овозможи непречено соочување со секојдневните предизвици, барем во овој домен на ортопедски помагала. Вкупен број на осигуреници кои се опфатени годишно со овие олеснувања изнесува 7700 осигурени лица. Би сакале да напоменеме дека редовните контакти со здруженијата на пациенти, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија,  како и размислувањата на поединци-корисници на ортопедски помагала, во овој сегмент многу му помагаат на ФЗОМ за да може да им излезе во пресрет на начинот на добивање и користиње на ортопедските помагала. “

5Детално образложение по групи:

1. Намалување на утврдениот рок на употреба на ортопедските помагала – протези за долни екстремитети од 36 на 24 месеци за возрасна група од 18 – 65 години

Според образложението на националниот сојуз “Мобилност Македонија“ станува збор за активни корисници кој поради секојдневните обврски се постојани корисници на протезата од 12 – 14 часа во текот на денот, а дел од нив се и во работен однос или на школување што доведува до значително побрза амортизација на овие ортопедски помагала. По извршена компаративна анализа на Комисијата за ортопедски помагала за роковите на овој вид на помагала во референтните земји – Р. Србија , Р. Хрватска и Р. Словенија констатирано е дека рокот на овие помагала во овие земји е 24 месеци, што е за 12 месеци пократок рок во однос на Р. Македонија. Врз основна на бројот на заверени потврди за протези за долни екстремитети во тековната 2010, 2011 и 2012 година и утврден просек од 627 заверени потврди за овие помагала е направена финансиска анализа за дополнителните средства кои Фондот ќе биде потребно да ги издвои доколку се усвои скратувањето на рокот за овие помагала. Од финансиската анализа се утврди дека дополнителните парични средства кој би требало да бидат издвоени со скратување на рокот на ортопедските помагала – протези за долни екстремитети од 36 на 24 месеци за возрасната група од 18 до 65 години на годишно ниво би изнесувале околу 4.001.325,00 денари.

83. Намалување на партиципацијата за надколените и подколените ортози од 100,00 денари на 10,00 денари.

Најголем дел од корисниците на надколените и подколените ортози се со тешка здравствена состојба како што е Церебралната парализа за кои се неопходни овие помагала, поради што Комисијата за ортопедски помагала смета дека партиципацијата треба да биде минимална, односно истата да биде намалена од 100,00 денари на 10,00 денари. Целосно ослободување од партиципација за овие помагала не е можна, бидејќи истата не е предвидена во Законот за здравствено осигурување, а сепак помагалата се неопходни за функционирање на осигурениците. Со оваа предлог мерка Фондот им излегува во пресрет на финансиски загрозените осигуреници. Врз основа на утврден просек од заверени потврди за овие помагала во изминатите три години извршена е финансиска анализа и притоа е констатирано дека потребни се дополнителни финансиски средства би изнесувале околу 102.930,00 денари на годишно ниво.

4. Намалување на утврдениот рок на употреба на ортопедските помагала – ортопедски чевли за возрасната група од 0 до 7 години со скратување на рокот од 12 на 6 месеци, и за возрасната група од 7 до 18 години со скратување на рокот од 12 на 9 месеци.

9Во доставените дописи од страна на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, со предлог измени во Правилникот меѓу останатите барања доставено е барање за скратување на рокот на употреба на ортопедските чевли за возрасната група од 0 – 7 години од 12 на 6 месеци, а за возрасната група од 7 до 18 години скратување на рокот од 12 на 9 месеци. Според мислењето на Комисијата за ортопедски помагала со оглед на фактот дека станува збор за возрасна категорија во период на постојан раст и развој, а со тоа и промена на величината на стапалото се оправдува потребата од скратување на рокот на ортопедско помагало – ортопедски чевли. По извршената финансиска анализа се утврди дека дополните парични средства кој би требало да бидат издвоени со скратување на рокот од 12 на 6 месеци за возрасната група од 0 до 7 години и скратување на рокот од 12 на 9 месеци за возрасната група од 7 до 18 години на годишно ниво би изнесувале околу 6.334.068,00 денари.

Измените на Правилникот стапија на сила од 12.11.2013 година. Искрено не радува што нашите заложби вродија со плод. За останатите барања, како што се: доплата на ортопедско помагало над референтна цена и право на електромоторна инвалидска количка да не се врзува со работен однос или редовно школување, останува да се избориме во најскоро време.