НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

2Унапредување на услугите за социјална вклученост на лицата со инвалидност

На 08.10.2015 година во ЕУ Инфо центарот во скопје беше извршена промоција на Проектот „Унапредување на услугите за социјална вклученост на лицата со инвалидност“, финансиран од Европска Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), кој ќе го спроведе Министерството за труд и социјална политика во наредните две години. Мобилност Македонија е активно вклучена во проектот.

Вредноста на проектот, што беше промовиран  изнесува 1.366.250 евра.  Ќе го спроведе конзорциум предводен од WYG International Ltd. Потписник на договорот е Министерството за финансии.

Целта е да се подобри системот, услугите и професионалните капацитети за социјална вклученост на мажите и жените со инвалидност кои се во понеповолна положба и да се унапредат еднаквите можности на пазарот на труд.

„ Поделбата на државните одговорности и квалитетни услуги за луѓето со инвалидитет е од суштинска важност за промоција на ЕУ вредностите не само на пазарот на труд, туку и во општеството“, изјави Мартин Клауке, Делегација  на Европска Унија

Заменик министер за труд и социјала рече дека  новиот социјален модел во прв план  ја става личноста, а не причината за било која социјална исклученост како  етничка или инвалидитет.

„Претпоставува формирање на средина  и опкружување која ги опфаќа сите луѓе и им дава подеднакви шанси и можности. Да ги изразат своите потенцијали, знаења, способности и вештини“- изјави Ибрахим Ибраими, заменик министер за труд и социјална политика.

Проектот се состои од три компоненти, за унапредување на професионалната рехабилитација и вработување на лицата со инвалидитет, за воведување услуги за лична асистенција за луѓето со инвалидитет и за надградба на постоечкиот ИТ мониторинг систем и вмрежување.