НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

1На 20.11.2015 година во ДХО „Даре Џамбаз“ беше одржан работен состанок на претставници на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ) со Марица Мириќ, претставник на Заедница на сојузи на лица со инвалидност на Хрватска (СОИХ). Беа разменети искуства во работењето на двете кровни организации на невладините инвалидски организации во Македонија и Хрватска, беа иницирани прашања и теми за натамошна заедничка соработка. Следи потпишување на Меморандум за соработка помеѓу НСИОМ и СОИХ, како и потпишување на меѓусебни меморандуми помеѓу членките на кровните организации. Начелно беше договорено првата следна средба на тема “Лична асистенција-искуства од Хрватска” да се одржи на почетокот на идната година, во јануари, на која колегите од Хрватска, Марица Мириќ и Мандица Кнежевиќ ќе ги претстават моделите на поддршка, законските решенија и изворот на финансиска поддршка, како пример и позитивно искуство за обезбедување на личен асистент, една од услугите која недостасува во законодавството на РМ и е неопходна за нашите членови.