НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

1 2Учество на 9 Меѓународна конференција за статусот и правата на лицата со инвалидитет 

Здружението Мобилност Македонија на покана на координацискиот одбор на здруженијата за лица со инвалидитет  при Босна и Херцеговина учествуваше на 9 меѓународна конференција во Сански Мост во период од 28-29.10.2015.

Преставници на Мобилност Македонија беа:

Горан Здравков-член на управен одбор на Мобилност Македонија

Рашо Tалунџиќ-член на здужението Мобилност Македонија

Живка Талунџиќ-член на здружението Мобилност Македонија

Конференцијата започна  на 28.10.2015 со свечено отварање и зема збор Г-дин Јусмир Алибабиќ. Следеа повеќе предавања и дискусии на теми поврзани со проблемите на лицата со инвалидитет при нивно вработување,лекување и рехабилитација на истите,проблемите со пристапност на институциите за лицата со ограничена подвижност,ставовите на просветните работници при едуцирање на деца со проблеми со говор. 

Големо внимание се посвети на социјалните права на овие лица и нивна инклузија во работниот процес.  Таму функционира Фонд за професионална рехабилитација и вработување на лица со инвалидитет,чија работа беше презентирана на оваа конференција.Се обрна внимание и на дислекисијата,соработката со логопеди како значаен дел во третирањето во истата , влијанието на средината и овозможување на правата на овие лица од страна на социјалните служби.

На вториот,завршен  ден од овогодинешната конференција заземавме и учество ние како здружение со презентација за Можностите за вработување на лицата со инвалидитет во Република Македонија.Со оваа презентација,присутните беа запознаени со можностите,правата но и проблемите на лицата со инвалидитет во нашата земја.

Беше презентиран бенефитот од Законот за вработување на лица со инвалидитет но и прикажана реалната слика на сеуште постоечките проблеми за овие лица.Големиот број на невработени лица со инвалидитет се уште е актуелен.Од една страна поради немањето на адекватно (или воопшто не се образовани)образование,немање на доволно понуди за вработување,архитектонските бариери и така натаму.

Беше споменато и дека со новите мерки на Владата на Република Македонија има олеснување при самовработување на лица со телесен инвалидитет со доделување на Грант за самовработување.

Како претставник на Мобилност Македонија го пренесов ставот дека нашето здружение  е активно вклучено и ги штити интересите на лицата со телесен инвалидитет во Македонија во работната група за изработка на на Законот за вработување за лицата со телесен инвалидитет.