НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

1 5ОДРЖАН ШЕСТИОТ РЕПУБЛИЧКИ ТУРНИР ВО ТАБЛА ВО МОБИЛНОСТ ТЕТОВО И ГОСТИВАР

На ден 14 Ноември 2015 година беше одржан  шестиот Републички турнир во табла на телесните инвалиди во Македонија. Турнирот беше одржан во Ресторан Арена во Тетово. Мобилност Тетово и Гостивар и оваа година традиционално беше домаќин. Од вкупно 16 здруженија на Мобилност Македонија на турнирот учество земаа 13 здруженија, со по двајца а некои и четворица натпреварувачи.Имаше вкупно 31 натпреварувачи кои играа во две добиени систем на елиминација. Во финалето влегоа двајца натпреварувачи од Мобилност Кочани и двајца од Мобилност Тетово. По одиграните натпревари за прво и второ место се бореа двајцата натпреварувачи од  Мобилност Кочани и прво место освои Љупчо Филипов, а второ Јаќим Анастасов. За трето место се бореа двајцата натпреварувачи од Мобилност Тетово и Гостивар и третото место го освои Ненад Ѓероски. Дипломи и награди беа поделени од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија Светлана Карапетрова и Претседателот на Мобилност Тетово и Гостивар Велибор Јаќимовски, и тоа: пехар за првиот, табла за вториот и пијалок за третиот, како и по два пара папучи за сите тројца.

Првата награда е спонзорство од пицеријата Јани, втората од ресторан Столе и третата од книговодственото биро Биланс инжинеринг. Папучите ги донираа дуќанот за обувки Дадо и Буше. Спонзори на турнирот беа и Ресторан Арена и дисконтот Литком, кои ги донираа соковите и млечните производи. Турнирот во табла е редовна годишна активност и е финансирана од Мобилност Македонија. По доделувањето на наградите сите присутни натпреварувачи како и гостите и спонзорите се дружеа на свечениот ручек пропратен со пригодна акустична музика.

На овој турнир беше зголемен и бројот натпреварувачи од понежниот пол кои рамноправно се бореа на турнирот, што дава надеж дека во иднина овој број ќе биде поголем.

Сево ова беше снимено од локалните медиуми: Менада и Кис од Тетово.