НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

DSC00753Традиционалната новогодишна средба во организација на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје – Мобилност Скопје и оваа година се одржа на 21.12.2014 година во прекрасниот амбиент на ресторанот „Бисера“ во населбата Аеродром, кој е со најадаптирани услови за лицата со телесен инвалидитет. На новогодишната средба присуствуваа гости од сите општински и меѓуопштински здруженија од Македонија, како и гости соработници и пријатели. На нашата забава присуствуваа околу 300 лица. Прекрасната музика на групата „Би-би-си“, која ги забавуваше гостите, на прави одлична атмосфера, со што дури и некои од присутните запеаја. Атмосферата беше надополнета со културно-уметничка програма на културно-уметничкото друштво Никола Јовков Вапцаров како и   прекрасните АнетаНаковска, Јулија и Злате Антевски, кои беа пријатно изненадување за сите присутни.

На оваа манифестација беа присутни претседателот на Mобилност Македонија, Бранимир Јовановски, и генералниот секретар на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет (НФСРИМ-МПК),ДраганДојчиноски. Меѓу гостите беа и претставници од Центарот за ортотика и протетика „Славеј“, претставнициод „Медикус-Хелп“.

На манифестацијата на присутните членови им се обрати претседателот на „Мобилност Скопје“, Дејан Ѓорѓиевски, кој во своето обраќање ги поздрави присутните. На средбата присуствуваа и гости од Здружението на заболени од мултипласклероза „Пчински округ“ – Врање и Здружението на заболени од мултипласклероза од Лесковац. Прекрасната забава и одличното расположение меѓу присутните членови и задоволството беше очигледно. Дружењето не изостана, како и искрените желби за подобра и поуспешна 2015 година на сите.