НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

LogoНа 20.02.2016 година во Скопје до ДХО „Даре Џамбаз“ се одржа седница на редовно годишно Собрание на Мобилност Македонија со следниот дневен ред:

1.  Разгледување и усвојување на записникот од Конститутивната седница на  Собранието на Мобилност Македонија одржана на 28.02.2015 година

2. Разгледување и усвојување  на Извештајот за  работа на Мобилност Македонија за 2015 година;

3. Разгледување и усвојување на Извештајот од Надзорниот одбор за извршената контрола врз материјално-финансиското работење на Мобилност Македонија во 2015 година и Разгледување и усвојување на Извештајот за финансиско и материјално работење на Мобилност Македонија за 2015 година

4. Разгледување и усвојување на Извештаите од комисиите за попис на средствата на Мобилност Македонија;

5. Донесување  Програма за работа на  Мобилност Македонија за 2016 година;

6.Донесување Финансов план за потребните средства за работа  на  Мобилност Македонија за 2016 година;

7. Донесување одлука за состојбата со здружението Мобилност Охрид 1988;

8. Прашања и предлози

Присутни членови на Собранието: Бранимир Јовановски, Драгана Стоилковиќ, Дејан  Ѓорѓиевски, Хакија Мекиќ, Жарко Петковски, Јулијана Николоска, Тони Митревски, Томи Јаневски, Санде Штериов,  Штејро Николов, Лидија Успрцова, Ангелески Стеван, Ѓорѓи Здравески, Влатко Најдоски, Нико Јанков, Фидановски Митко, Васко Стефановски, Горан Војновски, Анче Данев, Нермине Изаири, Галбка Илиева Коцева, Михајлов Михајлов, Атли Горенца, Горан Здравков, Георги Питов, Дејанчо Атанасовски и Бобан Јордановски.   

Отсутни членови на Собранието: Елица Трпковска, Велибор Јаќимовски, Авни Хисмани, Рамиз Касели, Мери Туџарова, Љубе Лазаровски и Нада Тановска.

По усвојувањето на дневниот ред беа едногласно усвоени: Записникот од Конститутивната  седница на Собранието на Мобилност Македонија одржана на 28.02.2015 година, како и Извештајот за  работа на Мобилност Македонија за 2015 година. Преседателот на Надзорниот одбор Митко Фидановски,  ги информира присутните дека при извршената контролата врз финансиското и материјално работење утврдиле дека целокупната документација е благовремено прокнижена со приложена финансиска и друга документација, а средствата се законски, наменски и домаќински користени и препорачува Собранието да го усвои извештајот на Надзорниот одбор. Присутните членови на Собранието едногласно го  прифатија Извештајот од Надзорниот одбор за извршената контрола врз материјално-финансиското работење на Мобилност Македонија во 2015 година, Финансискиот извештај и Годишната сметка на сојузот за 2015 година.

 Во натамошниот тек на седницата беа усвоени Извештаите од комисиите за попис на средствата на Мобилност Македонија во Скопје и Охрид, а беа донесени и заклучоци по одделни иницијативи:

-Во врска со проблемот на лицата со телесен инвалидитет што го имаат при набавка на огревно дрво со право на попуст, преку Јавното претпријтие Македонски шуми, се донесе одлука, Мобилност Македонија да се обрати до ова претпријатие со допис за да се разрешат проблемите.

-Беше укажано на потребата од формирање на Комисија за утврдување на процент за телесно оштетување, и се задолжи сојузот да ги повтори дописите до Министерството за труд и социјна политика со барање за формирање на оваа комисија.

-Едногласно е донесена Програмата за работа на Мобилност Македонија за 2016 година и Финансискиот план за потребни средства за работа на Мобилност Македонија  за 2016година.

Во врска со Донесување одлука за состојбата во здружението Мобилност Охрид 1988 беше констатирано дека целата постапка ја започнаа незадоволните членови од зружението Мобилност Охрид 1988 со доставување на преставка потпишана на список од 40 членови, кои се скоро една третина од вкупниот број на членови на здружението, а кои го оспоруваат неправилниот и нетранспарентниот начин на одржаното нивно изборно Собрание на здружението на 15.02.2015 година. За Мобилност Македонија се тотално прифатливи сите легитимно избрани членови кои и да се, како и да се викаат,  на легитимно и транспарентно одржани избори со уредно испратени покани, со навремено и транспарентно објавена дата на одржување на седница на Собранието и одржување на истата во една просторија заради визуелна комуникација меѓу сите присутни со цел да нема злоупотреба во броењето на гласовите при носењето на одлуките. Управниот Одбор на Мобилност Македонија на својата седница одржана на 10.03.2015 година, под точка 13 ја разгледа преставката од незадоволните членови од Мобилност Охрид 1988 и со  цел да се смират страстите и да се утврди вистинската состојба, одлучи да формира работна група - комисија која ќе оствари состанок со претставниците на Управниот одбор на Мобилност Охрид 1988 година и претставниците на незадоволните членови и подносители на претставката. На 18.03.2015 година во Охрид одржаа работна средба на која присуствуваа дел од ново-избраните и оспорени претставници на Мобилност Охрид 1988 и дел од групата незадоволни членови. Од работната средба се состави Записник од извршениот увид на комисијата на Мобилност Македонија за состојбите и работењето на Мобилност Охрид 1988 со кој се потврдија неправилностите (одржано Собрание при што членовите биле во две простории без можност секој со секого да комуницира визуелно, повеќе лица вршеле броење на гласовите при гласање, список на присутни членови на седницата бил составен и потпишан од дел на членови еден ден пред одржување на седницата, еден од оверувачите на записникот ставил потпис на доверба, а не со увид во фактичката состојба на присутните верувајќи дека лицата се присутни...) и сето тоа комисијата го констатираа записнички. Записникот беше доставен до Комисијата за статутарни и правни работи при Мобилност Македонија која на 08.05.2015 година одржа состанок и достави препорака до членовите на УО на Мобилност Македонија.На седницата на Управниот одбор на Мобилност Македонија одржана на 05.06.2015 година во Охрид, поред другите точки од дневниот ред, под точка 6 беше разгледан Записникот од извршениот увид на комисијата одржан на 18.03.2015 година. На седницата беа присутни оспорениот претседател Венко Голабоски и неколку членови на Управниот одбор на Мобилност Охрид 1988 (чиј избор беше оспорен од членовите на здружението), повторно со цел да може да се искажат и да се надминат недоразбирањата и исправат неправилностите. По долга дискусија, членовите на УО на Мобилност Македонија донесоа едногласен заклучок: „Здружението на лица со телесен инвалидитет на Охрид - Мобилност Охрид 1988 година, најдоцна до 19.06.2015 година, да го извести сојузот за својата одлука дали ќе организира нови транспарентни избори или не. Во спротивно  членовите на Управниот одбор по пат на електронско гласање да одлучат дали да се спроведе Препораката на Комисијата за статутарни и правни работи при Мобилност Македонија и Одлуката на УО на Мобилност Македонија со која се предлага да се исклучат од програмските активности и да им се прекине финансирањето се додека не се исправи состојбата. Иако дадениот рок од УО на Мобилност Македонија беше една недела, по молба и барање на претставниците на Мобилност Охрид 1988 за да имаат доволно време да постапат по заклучокот, за датумот беше определен 19.06.2015 година. Значи тие требаа до таа дата да ја известат Мобилност Македонија дали имаат намера да одржат регуларно изборно собрание, на која дата би го закажале истото и поред благовременото известување на своите членови, задолжително да поканат и претставници од Мобилност Македонија да присуствуваат како набљудувачи со цел да не се повторат претходните неправилности. Наместо да го испочитуваат заклучокот на УО на Мобилност Македонија, претседателот на Мобилност Охрид 1988 година свикува седница на изборно собрание на 12.06.2015 година, без да ја извести Мобилност Македонија, за што на 16.06.2015 година во сојузот повторно примивме допис-приговор од група на незадоволни членови на Мобилност Охрид 1988 кои не биле транспарентно и согласно актите на сојузот и здружението поканети благовремено, истакнувајќи дека дел биле повикани по пат на телефонско повикување на самиот ден на 1 сат пред одржување на седницата.Целиот предмет беше повторно доставен до Комисијата за статутарни и правни работи при Мобилност Македонија кои по согледување на фактите на седницата одржана на 30.06.2015 година им предложија на членовите на УО на Мобилност Македонија да постапи согласно член 39 од Статутот на Мобилност Македонија и со Одлука на УО да му се прекине финансирањето на Мобилност Охрид 1988 година. Мобилност Македонија стори се да се надминат недоразбирањата меѓу членовите на Мобилност Охрид 1988, сите дејствија ги спроведе согласно претставките и на лице место утврдените неправилности, а на седницата на УО одржана на 17.12.2015 година донесе заклучок повторно да се разговара со Мобилност Охрид 1988 година со цел да се надмине состојбата и воспостави нормална соработка, иако во меѓувреме примивме допис од МТСП дека тие добиле допис од Мобилост Охрид 1988 во кој се изнесени груби инсуинации и клевети на работата на органите на Мобилност Македонија и претседателот.“

Претседателот на Надзорниот Одбор на Мобилност Македонија и член на Комисијата за статутерно-правни работи, Митко Фидановски во врска со надминување на состојбата во Мобилност Охрид 1988 година, предложи донесување на неколку дополнителни одлуки за понатаму:

-статусот на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Охрид – Мобилност Охрид 1988 година да се стави во мирување поради фактот што како правно лице нема статус на инвалидска организација согласно закон, а што е услов за членство во Мобилност Македонија;

-во Собранието на Мобилност Македонија да не се верификуваат мандатите на претставниците од Мобилност Охрид 1988 година, се додека здружението недобие статус на инвалидска организација и  не се остстранат неправилностите согласно член 8 став 2 од Деловникот за работа на Собранието на Мобилност Македонија;

-престанува секаква комуникација со нелегитимно избраните органи на Мобилност Охрид 1988 година, се додека не се отстранат утврдените неправилности;

-одлуката за престанок на финансирање на активностите во Мобилност Охрид 1988 година останува на сила, како и одлуката со која не се дозволува ретроактивно финансирање на активностите на Мобилност Охрид 1988;

-да се испита можноста на членовите на Мобилност Охрид 1988, кои согласно член 2 од Статутот на Мобилност Македонија се членови и на Мобилност Македонија, да им се овозможи учество во програмските активностите на Мобилност Македонија, преку канцеларијата на сојузот, преку најблиската канцеларија на здружена членка на сојузот или како дополнително ќе се договорат;

Присутните едногласно ги прифатија дадените предлози и едногласно и ги изгласаа следните заклучоци;

- се донесува одлука претставниците на Мобилност Македонија во советот на НСИОМ да гласаат против добивање статус на инвалидкса организација на Мобилност Охрид 1988година, доколку во НСИОМ дојде барање од МТСП за признавање на статус на инвалидска организација на Здружението на лица со тлесен инвалидитет на Охрид – Мобилност Охрид 1988 година се додека не спроведат избори и изберат органи и тела согласно заклучокот од седницата на УО на Мобилност Македонија одржана на 05.06.2015 година.

- Дисциплинската комисија на Мобилност Македонија во соработка со Статутарно-правната комисија да ги разгледаат материјалите од предметот на Мобилност Охрид 1988 година, и да постапат согласно актите на Мобилност Македонија.

Со тоа редовната седница на Собранието на Мобилност Македонија заврши со работа.

Б.Јовановски