НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

1На 29.05.2016 година, во Спортско-рекреативниот центар на езерото Треска во Сарај, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, ја организираше петтата масовна средба во природа за лицата со телесен инвалидитет.

На масовната средба во природа присуствуваа повеќе од 380 лица со телесен инвалидитет од 16 здруженија на Мобилност Македонија. Целта на средбата е да се промовираат правата на лицата со телесен инвалидитет за нивна целосна интеграција во општеството.

Присуството на скоро 400 лица со телесен инвалидитет на едно место, праќа силна порака до институциите во државата дека само вака обединети и организирани ќе имаме сила да се избориме за нашата позиција во општеството како еднакви со другите. Освен со масовноста, лицата со телесен инвалидитет покажаа и достоинственост во потсетувањето на обврските на државата кон оваа категорија на граѓани.

И оваа гдниа Градот Скопје ја подржа оваа манифестација со обезбедување на бесплатен автобуски превоз за членовите на Мобилност Македонија од сите градови во државата. Како многупати досега, беа присутни  професорите и студентите од Факултетот за физичка култура, кои ги обезбедија спортските реквизити и ги организираа спортско-рекреативните содржини. Волонтерите на Црвениот крст и оваа година активно беа вклучени при делењето на вода за пиење, сладолед, освежителни пијалоци и сл.

Се надеваме дека традицијата и масовноста ќе останат главни карактеристики на оваа манифестација што ја оранизира Мобилност Македонија.

С.Прчева