НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

logoBigОд 01.10.2016 година на автопат со електронски картици

Почнувајќи од 01.10.2016 година, правото на ослободување од плаќање патарина ќе може да се реализира на наплатните станици единствено со персонализираната безконтактна картица. Лицата ослободени од плаќање на патарина мораат со себе да ја имаат оваа картица и членската книшка од здружението каде членуваат, која  е оверена од страна на Јавното претпријатие за државни патишта.

На персонализираната безконтактна картица (електронската картица) видливо е напишано името и презимето на лицето и називот на сојузот каде што членува. Електронската картица ги содржи сите податоци од лицето што е ослободено од плаќање патарина како што е адреса на живеење, регистрација на возилото и тип и марка на возилото. Овие податоци ги гледа вработеното лице на наплатната станица кога картицата ќе ја помине на електронскиот уред.

Согласно член 69, точка 10 од Законот за јавни патишта и Законот за изменување и дополнување на Законот за јавни патишта (Сл.весник на РМ бр. 84/2008, бр.52/2009 и бр.124/2010), Државниот инспекторат преку државните инспектори за патишта се овластени да вршат надзор и контрола на наплатата на патарина.

Во случај на злоупотреба на картицата и членската книшка во член 79, точка 3 од Законот за јавни патишта и Законот за изменување и дополнување на Законот за јавни патишта (Сл.весник на РМ бр.84/2008, бр.52/2009. и бр. 124/2010, предвидена е глоба во износ од 100 до 300 евра во денарска противвредност, на корисникот на патот,  кој е должен во текот на движење на патот да ја покаже електронската картицата и членската книшка на овластено лице определено со закон.

Врз основа на член 66 од Законот за јавни патишта и членовите 9 и 16 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавни патишта (Сл.весник на РМ бр.84/2008. бр.52/2009 и бр.124/2010) се ослободуваат од плаќање патарина:

- Возилата на лица заболени од дистрофија, мултипла склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа (полиомелитис), слепите лица со оштетување на видот над 90%, лица на дијализа и лица со ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување над 80%, утврдено со акт на надлежна комисија на Фондот на пензиско инвалидско осигурување на Македонија.