НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

1Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, на 1 декември прими претставници од Националниот совет на инвалидските организации на Република Македонија.

На средбата Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија го претставуваше генералниот секретар на Мобилност Македонија, Софка Прчева.
Претставниците на националниот совет на инвалидските организации на Република Македонија изразија благодарност за досегашната поддршка од претседателот Иванов, како и за можноста преку ваквите средби да го информираат за положбата на лицата со инвалидност за актуелните предизвици со кои тие се соочуваат, како и за нивните активности во насока на доследно спроведување на законската легислатива, со цел подобрување на положбата на лицата со инвалидност во Република Македонија.


Претседателот д-р Ѓорге Иванов, на присутните им порача дека е неопходна бескомпромисна и континуирана заложба за афирмирање на своите права и потреби, изразувајќи поддршка на ваквите активности.