НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

mtspСо новиот Закон за социјална заштита за првпат се потенцита независноста на лицата со попреченост и нивното право на одлука, преку неколку основни начела на новиот Закон:

Член 15 – начело на еднаков третман и недискриминација
Член 17 – начелото на партиципативност;
Член 18 – начело на индивидуализација;
Член 22 – начело на најдобар интерес
Воедно се воведуваат права кои досега не биле предвидени со стариот Закон, како што е правото на попреченост, кое досега го остваруваа само лицата со најтешка телесна и сетилна попреченост, кое сега се проширува и на лицата со тешка или длабока интелектуална попреченост. Воедно правото на скратено работно време поради нега на дете/лице со попреченост се зголемува, односно со новиот Закон истото ќе изнесува 50% од просечната плата на родителот за претходната година, но најмногу до 50% од просечната плата во Република Македонија за претходната година, објавена од Државниот завод за статистика.


Воедно, сакаме да нагласиме дека за првпат во Република Македонија како законско решение се воведуваат услугите за персонална асистенција и услугата за помош и нега во домот.
Со услугата помош и нега во домот се обезбедува помош во вршење основни и инструментални активности од секојдневниот живот за лица со намален функционален капацитет. Корисници на услугата се: лица со најтешкателесна или интелектуална попреченост, потполни сетилни нарушувања, стари лица и други лица на кои им е потребна помош и нега во домот. Оваа услуга за првпат се регулира и се воведува со Законот за социјална заштита и е долгогодишно барање, пред се на родителите на децата/.лицата со тешка интелектуална попреченост. Ова значи поддршка на овие семејства во грижата, како и ослободување од обврските на семејствата на определено време и нивна можност да бидат вклучени на пазарот на трудот.
Услугата лична асистенција опфаќа индивидуална помош за лица со намален функционален капацитет за остварување на основните и инструменталните активности од секојдневниот живот за задоволување на личните потреби и поттикнување на социјалната интеграција и партиципација во општествениот живот. Ова е директна поддршка на лицата со попреченост за овозможување на независен живот и вклучување во општеството. 
Корисници на услугата се: лица со потешка и најтешка телесна попреченост и потполно слепи лица.

Сакаме да потенцираме дека користењето на двете услуги, помош и нега во домот и личната асистенција, не се поврзани со паричното право за помош и нега од трето лице и со правото за попреченост, односно користењето на услугите не ги намалува или скратува двете парични права.

Ограничувањата се однесуваат на користењето на паричното право за помош и него од трето лице (кое се дава за лица кои се неспособни да се грижат за себе и најповеќе се врзува за здравствената состојба на лицата) со правото за попреченост кое е наменето за вклучување на лицата со попреченост и зголемување на нивната независнот и самостоен живот.

Но и тука сакаме да потенцираме дека правото на Гарантирана минимална помош, се зголемува за 0,5 % за првиот член ако е лице со попреченост, односно за 0,2% за секое наредно лице со попреченост во семејството, но најмногу за три члена, односно се добива поголем износ на средства.

Исто така се воведуваат и голем број на други услуги кои досега не биле законски уредени како:

• Услугата за рехабилитација и реинтеграција на лица кои се соочуваат со социјални и/или здравствени проблеми и се обезбедува преку психо-социјална поддршка, терапевтска работа, работно-окупациона терапија, поддршка за стекнување на работни вештини и вештини за вработување, реинтеграција и самостојно живеење

• Услугата за одмена на семејна грижа која обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмена, одмор и задоволување на лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за нив.Корисник на услугата е член на семејството кој се грижи за старо лице, лицe со попреченост и другo болно и изнемоштенo лицe, кое неможе самостојно да ги врши основните и инструменталните активности од секојдневниот живот.

Тука не помала важност има и развојот на услугите за самостојно живеење со поддршка и развој на услугите во локалната заедница.

Со сите овие новини сакаме да ги демантираме тврдењата дека се кратат прават за лицата со попреченост, туку за разлика од досегашната практита, со која само се трансферираа финансиски средства до крајните корисницци без притоа да добијат соодвета услуга, сега се става акцент на развојот на услугите кои ќе ја подобрат негата и поддршката, но и ќе ја зголемат независноста на лицата со попрчености нивната вклученост во општеството во целина.