НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

1

На 22.10.2019 година во просториите на ФЗОМ се одржа работен состанок помеѓу претставниците на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и Софка Прчева, Комисијата за ортопедски помагала при ФЗОМ, д-р Вера Митровска, Фатон Мемети, Весна, Марковска, Даниела Стојановска-Џинговска, и Центарот за ортотика и протетика Славеј од Скопје, Горан Чаловски.

На состанокот бевме информирани дека нашите напори и долгогодишни преговори со ФЗОМ конечно се реализираат и дека веќе е донесена одлука за измени и дополненија на Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала во однос на компоненти за изработка на протези и дека се чека измените да бидат објавени во Сл.Весник на РСМ.

Измените се однесуваат на воведување на хидраулични и пневматски повеќе осовински коленски зглобови за лица со надколени ампутации, едноосовинско хидраулично колено со микропроцесор (C-leg) и стопало од јаглеродни влакна за високоактивни корисници, карбонско динамично стопало за високо активни корисници, силиконска навлака за чунка (лајнер), суспензија за брзо навлекување на протеза. Овие измени веќе се објавени во Службен Весник на Република Северна Македонија бр.222 од 28.10.2019 година (на страна 12). Правилникот влегува во сила осмиот ден од објавувањето во Службен Весник, што значи дека заинтересираните корисници кои ги исполнуваат поставените критериуми, новите компоненти можат да ги бараат од стручните лица да им ги препишуваат и истите да ги набавуваат во ортопедските куќи од 05.11.2019 година.