НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

1На 31.07.2019 година со почеток во 10 часот во просториите на Центарот за ортотика и протетика „Славеј“- Скопје, се изврши предавање на ортопедски помагала и додатоци за инвалидски колички од страна на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија и Министерството за труд и социјална политика, на 36 лица со телесен инвалидитет. На настанот присуствуваше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

„МТСП се грижи за сите граѓани со одредени попречености или телесни инвалидности за да можеме да направиме максимум и во делот на права и во делот на услуги за навистина да се подобри квалитетот на нивниот живот. Министерството прави напори со обезбедувањето средства потребни за функционирањето на Националниот сојуз на инвалидски организации и Национален сојуз на телесно инвалидизирани лица на Македонија – Мобилност Македонија да ја поттикне работата на полето видливост на лицата со попреченист, а со овие ортопедски помагала и олеснувањето на движењето, присуството на лицата со попреченост во социјалниот живот ќе биде секојдневиe“, изјави министерката Царовска.

Мобилност Македонија во рамките на средствата за реализација на програмските активности за 2018 година, од средствата од игри на среќа, преку Министерството за труд и социјална политика доби сума од 1.600.000,00 денари за набавка на ортопедски помагала. Управниот одбор на Мобилност Македонија, согледувајќи ја потребата од подобрување на мобилноста на лицата со потежок и најтежок телесен инвалидитет, а во услови од неприфаќање на нашите заложби и иницијативи за воведување на пофункционални, поиздржливи и поквалитетни ортопедски помагала, како и додатоци за нивна изработка од страна на ФЗОМ, донесе одлука средствата да се инвестираат во три насоки и тоа:

-за рефундирање на средства уплатени за набавка на чевли на лица со телесен инвалидитет со повишување на чевли над 6цм, (бидејќи ниедна ортопедска куќа нема потпишан договор со ФЗОМ заради неприфатлива референтна цена), 7 ортопедски чевли со повишување од над 6см во износ од 35.000,00 денари;

-за набавка на силиконски лајнери (навлаки за чкунка) со и без пин за корисници на надколени и подколени протези (лајнерите не се на листата на ортопедските помагала објавена од ФЗОМ). Набавени се 19 силиконски лајнери (за надколена и подколена ампутација, со пин и без пин) во вкупна вредност од 380.365,00 денари;

-за набавка на електрични додатоци за инвалидски колички за полесно движење во градски услови. Набавени се 20 електрични додатоци за инвалидска количка во вкупен износ од 911.720,00 денари;

- распределени се 271.890,00 денари помош на членовите за помош при лекување и набавка на ортопедски помагала (средствата се префрлено на 16 општинси здруженија членки на Мобилност Македонија).

Вкупната сума  потрошена  за ортопедски помагала изнесува: 1.598.975,00 денари.

„Мобилност Македонија нема аспирации, ниту пак има можности и капацитет да ја замени улогата на институциите, особено на ФЗОМ за подобрување на положбата на лицата со телесен инвалидитет при набавка на ортопедски помагала. Со овој чекор се обидовме да го подигнеме нивото на јавната свест на раководните лица при институциите за дел од потребните ортопедски помагала кои значително ќе го подобрат квалитетот на животот и социјалната инклузија на лицата со потежок и најтежок телесен инвалидитет. Помагала кои ќе придонесат за нивно самостојно движење и независен живот. Исто така сакаме да ги поттикнеме локалните самоуправи во рамките на своите програми за субвенционирање при набавка на велосипеди и електрични скутери, да ги вклучат и електричните додатоци за инвалидски колички, со што значително ќе го подобрат движењето низ градот на овие свои сограѓани, особено во услови на непристапен градски сообраќај.“ истакна Бранимир Јовановски, претседател на Мобилност Македонија.

И само да потсетиме, според универзалната декларација за човековите права од 1948 година: „Сите луѓе се родени еднакви и слободни“.