НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

2Традиционално, на 02.12.2019 година, во предвечерието на одбележување на Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, Мобилност Македонија ја поставува изложбата на дела од одржаната ликовната колонија „Охрид 2019“. Во присуство на голем број на посетители, уметници, членови на Мобилност Македонија од здружените членки, на присутните им се обратија претседателот на Мобилност Маледонија, Бранимир Јовановски и претседателот на Одборот за ликовна колонија при сојузот, проф. Зоран Јакимовски.

Во рамките на оваа манифестација се одржа и прогласувањето на најдобрите творби на 25 Литературни средби. Оваа година конкурираа 9 автори и по оценка на стручното жири, првото место и припадна на Мимоза Делипертова Томова од Радовиш за творбата „Еволуција“ која доби 24 поени од жирито. На второто место се пласира Билјана Тодоровска од Битола со творбата „Мисли“ која доби 20 поени, и на третото место Ана Додева од Кочани со творбата „Чекори“ која доби 18 поени од жирито.

Првопласираните автори добија плакети кои им ги врачи генералниот секретар на сојузот, Софка Прчева.