НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

4Мобилност Тетово и Гостивар беше домаќин на 10-тиот републички натпревар во табла. Турнирот се одржа на 9-ти ноември во ресторанот Електра Гарден во с.Брвеница и истиот е комплетно пристапен за нашите членови, телесни инвалиди и тоа со прилагоден тоалет и паркинг, како и пристапна сала со капацитет за 500 гости. На натпреварот учество земаа 32 натпреварувачи од 10 здруженија од Мобилност Македонија, и тоа Штип, Гевгелија, Кочани, Скопје, Прилеп, Велес, Струга, Струмица, Битола и Тетово и имаше 72 телесни инвалиди, вкупно 104 гости. Турнирот го отвори Велибор Јаќимовски, Претседателот на Мобилност Тетово и Гостивар, а гостите ги поздрави и Бранимир Јовановски, Претседател на Мобилност Македонија, Енвер Пајазити, Градоначалник на општина Брвеница, Ахмет Ќазими, претставник од општина Тетово и раководител на секторот за јавни дејности и Татјана Лалчевска, Пратеник во Собранието на Република Македонија.

Гости на турнирот беа и претставници од ВМРО ДПМНЕ од Тетово, Центарот за ортотика и протетика Славеј, Иџет Абдурамани од Везе шари и Здружението Вешта жена од Тетово. Оваа наша активност е финансирана од Мобилност Македонија,а за да оваа активност биде подобра и поуспешна ја помогнаа пријателите на здружението и тоа: Везешари, 1-ви мај, Биланс Инжинеринг, Житен клас, Кондураџија Буше, Електра Гарден, Вешта жена, Месара Морава, Ресторан Лезет и општините Тетовои Брвеница и истите добија благодарници. Играјќи во три добиени партии и систем на елиминација во полуфинале влегоа Никола Марачков од Гевгелија, Сулејман Дестани од Струга, Бојко Илиев од Скопје и Ванчо Каранфилов од Скопје. Прво место освои Никола Марачков, второ место Сулејман Дестани и трето место Ванчо Каранфилов. Првонаградениот доби пехар, диплома и папучи, второнаградениот доби табла, диплома и папучи и третиот доби пијалок, диплома и папучи. Овој турнир заврши со ручек проследен со акустична музика со бендот Тетовски тамбураши.