НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

1Мобилност Македонија, во соорганизација со Параолимпискиот Комитет на Северна Македонија, на 28.09.2020 година, во хотел „Романтик“ – на езерото „Младост“ во Велес, го одржа 32-рото Државно првенство во шах.
Почитувајќи ги протоколите за одржување на шаховски натпревари во услови на пандемија, Мобилност Македонија успешно ја реализираше оваа активност предвидена во Програмата за работа за 2020 година, а поддржана од МТСП. Согласно протоколите, оваа година наместо вообичаениот број на учесници – шахисти, учество на првенството земаа 11 најдобро пласирани шахисти од минатата година.
Првенството се играше по Швајцарски систем – викенд правила на ФИДЕ со темпо на игра 30 минути по играч. Судии на првенството беа Тони Пајдаков и Драган Дојчиноски.
Во дисциплинирана и фер игра, според сите протоколи за заштита од Ковид 19, беа постигнати следните резултати:

 

1 Мирослав Бучевски - поени 3 ½ (бухолц 9 ½)
2 Тоде Зафировски - поени 3 ½ (бухолц 9)
3 Јанчо Ѓорѓевски - поени 3 (бухолц 8)
4 Горан Војновски - поени 3 (бухолц 7 ½)
5 Билал Биберовиќ - поени 2 (бухолц 9)
6 Даниел Нуневски - поени 2 (бухолц 7)
7 Тоде Арсов - поени 1 ½ (бухолц 9 ½)
8 Томе Ивановски - поени 1 ½ (бухолц 8)
9 Васко Стефановски - поени 1 ½ (бухолц 7 ½)
10 Томе Ѓорѓиевски - поени 1 ½ (бухолц 6)
11 Зекирија Изети - поени 1 (бухолц 9 ½)