НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

01На 25.10.2020 година во Охрид, на стрелиштето „Бејбунар“, се одржа натпревар во стрелаштво во рамките на Републичките спортски игри на лица со телесен инвалидитет за 2020 година, a во организација на Мобилност Македонија во соорганизација со Параолимпискиот комитет на Северна Македонија и со финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика во рамките на Програмата на сојузот за 2020 година.
На натпреварот учествуваа најдобрите 13 натпреварувачи-стрелци, поделени во две спортски дисциплини, воздушен пиштол меѓународна програма и воздушна серијска пушка. Судии на натпреварот беа Валентина Гоџовка и Бранимир Јовановски, а задолжен за организација на натпреварувањето и спроведување на протоколот за заштита од ширење на КОВИД-19 беше Драган Дојчиноски.
Спортскиот натпревар помина во исклучително фер и спортска атмосфера, а беа постигнати следните резултати:
Воздушен пиштол микс (мажи и жени)
1.Ванчо Каранфилов-Скопје 92,94,94,94,86,92=552
2.Оливера Наковска Бикова-Битола 86,95,90,91,94,94=550
3.Александар Јовановски-Скопје 87,91,94,93,90,91=546
4.Небојша Пејоски-Струга 80,83,89,81,83,85=501
5.Митко Фидановски-Битола 77,85,79,89,86,83=499
 
Сериска воздушна пушка милс (мажи и жени)
1.Новча Тодоровски-Куманово 86,83,84,82=335
2.Васко Стефановски-Битола 78,73,87,65=303
3.Елизабета Тодоровска-Куманово 71,66,79,77=293
4.Николче Станоевски-Битола 63,71,68,79=281
5.Мендо Дивјаковски-Битола 70,65,74,58=267
6.Олга Ристовска-Скопје 50,58,54,57=219
7.Ѓоре Здравески-Прилеп 54,44,54,53=205
8.Стеван Ангелески-Прилеп 58,25,31,56=170