НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

region1На 28.12.2020 година со почеток во 11 часот се одржа (онлајн, преку ЗУМ платформа) четвртата (последна) сесија во рамките на Проектот „Регионални форуми во заедницата“ во Скопскиот плански регион, на кој на почетокот на годината со свој проект за реновирање на објектите за опоравок и рехабилитација на лицата со телесен инвалидитет на Македонија во Охрид аплицираше и Мобилност Македонија.
По воведното излагање и презентирање на целите на сесијата и осврт на форумскиот процес од страна на модераторот Розета Арсовска, информација за (не)реализација на проектот финансиран од програмата и информација за (не)реализацијата на избраниот проект на училиштето Партение Зографски, даде Жаклина Цветковска, претставник на ЦРСПР.
Претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, со присутните учесници на форумот ги сподели искуствата од учеството на сојузот во првите три форумски сесии, искажувајќи и малата разочараност што нашиот Проект за реновирање на објектите за опоравок и рехабилитација во Охрид, по завршното гласање на третата форумска сесија, не се пласира меѓу водечките два проекти, иако според наше мислење го заслужуваше тоа (на крајот го делеше петтото место).
Како и да е, истиот проект, делумно модифициран, беше проследен во Југозападниот плански регион во Охрид и по тримесечна интензивна комуникација и изготвување на потребна програмска документација, од таму очекуваме успешна завршница и добивање на конкретна донација за реновирање на објектите на почетокот на идната година.