НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

1.Основно училиште со ресурен центар „МАЦА ОВЧАРОВА“ Велес
Основно училиште со ресурен центар „МАЦА ОВЧАРОВА“ Велес ги повикува сите заинтересирани кандидати/ки од општините Чашка, Кавадарци, Росоман, Демир Капија, Неготино, Градско, Велес, Лозово, Свети Николе, Карбинци, Штип, Пробиштип кои имаат интерес да ја обезбедуваат услугата од образовна асистенција да поднесат пријава за интерес до училиштетето на адреса:
ПОУ „Маца Овчарова“-Велес, ул„Кресненско востание“ бр.4, Велес или по електронски пат на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
со назнака Изјавување на интерес за образовен асистент.
За подетални информации Ве молиме да не контактирате на 043/231-987 или на моб. 070 727 027
 
2.Основно училиште со ресурен центар „КОЧО РАЦИН“ Битола
Основно училиште со ресурен центар „КОЧО РАЦИН“ Битола ги повикува сите заинтересирани кандидати/ки од општините Македонски Брод, Пласница, Кичево, Дебар, Центар Жупа, Дебрца, Струга, Вевчани, Охрид, Долнени, Крушево, Кривогаштани, Демир Хисар, Ресен, Битола, Могила, Новаци, Прилеп кои имаат интерес да ја обезбедуваат услугата од образовна асистенција да поднесат пријава за интерес до училиштетето на адреса:
ОУ „КОЧО РАЦИН“ Битола, ул„Прилепска“ бб, Битола или
по електронски пат на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
со назнака Изјавување на интерес за образовен асистент.
За подетални информации Ве молиме да не контактирате на 047/236-900 или на моб. 078/448-192
 
3.Основно училиште со ресурен центар „Д-р Златан Сремец “ Скопје
Основно училиште со ресурен центар „„Д-р Златан Сремец “ Скопје
ги повикува сите заинтересирани кандидати/ки од општините Јегуновце, Теарце, Тетово, Желино, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуша, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Сарај, Сопиште, Студеничани кои имаат интерес да ја обезбедуваат услугата од образовна асистенција да поднесат пријава за интерес до училиштетето на адреса: ОУРЦ „Д-р Златан Сремец “ Скопје, ул„Емил Зола “ бр.5, Скопје или по електронски пат на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
со назнака Изјавување на интерес за образовен асистент.
За подетални информации Ве молиме да не контактирате на 02/770-446
 
4.Основно училиште со ресурен центар „ Св. Климент Охридски“ Ново Село
Основно училиште со ресурен центар „Св. Климент Охридски“ Ново Селого има Југоисточниот реон и ги повикува сите заинтересирани кандидати/ки од општините Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Зрновци, Кочани, Македонска Каменица, Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Чешиново Облешево, Конче, Радовиш кои имаат интерес да ја обезбедуваат услугата од образовна асистенција да поднесат пријава за интерес до училиштетето на адреса:
ПОУ „ Св. Климент Охридски“ Ново Село, ул„ Маршал Тито бр. 103, општина Ново Село поштенски број 2434
И по електронски пат на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
со назнака Изјавување на интерес за образовен асистент.
За подетални информации Ве молиме да не контактирате на 034/355-247 факс 034/355-077 или на мобилен: Звонко Ангеловски 070/263-177 и Елена Гаврилова (кординатор) 075/726-969
 
5. Основно училиште со ресурен центар „ИДНИНА„ Скопје
Основно училиште со ресурен центар „ИДНИНА„ Скопје ги повикува сите заинтересирани кандидати/ки од општините Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане, Куманово, Липково, Центар, Гази Баба, Бутел,Чаир, Шуто Оризари, Зелениково, Петровец, Илинден, Арачиново, Чучер Сандево кои имаат интерес да ја обезбедуваат услугата од образовна асистенција да поднесат пријава за интерес до училиштетето на адреса:
Основно училиште со ресурен центар „ИДНИНА„Скопје
Ул: Втора Македонска бригада бр.3, Скопје
по електронски пат на: idnina2008 @yahoo.com
со назнака Изјавување на интерес за образовен асистент.
За подетални информации Ве молиме да не контактирате на 02 2621 976 или на моб. 071/249-481
 
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
Кон барањето потребно е да се достави писмо со намери зошто кандидатот/ка се пријавува на повикот, задолжително се доставува кратка биографија (CV), и доколку кандидатот/ка веќе обезбедува образовна асистенција на ученик/ученичка да се наведе името на училиштето, одделението на ученикот/ученичката и со задолжителна претходна согласност на родителот/старателот име и презиме на ученикот/ученичката.
На Јавниот повик за изразување на интерес право на пријавување имаат сите кандидати/ки кои ги исполнуваат условите пропишани со Правилникот за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи за образовниот асистент, односно специјален едукатор и рехабилитатор, психолог, педагог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, со завршено VII/1 степен те.VI/A според македонската рамка за квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1степен те. VI/Aспоред МРК или 240 ЕКТС), односно наставник по предметна настава (VII/1степен те. VI/Aспоред МРК или 240 ЕКТС).
Краен рок за Изразување на интерес за обезбедување на услугата за образовна асистенција е 02.07.2021 година.