НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

LogoНационалниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, ги повикува своите членови и лицата со телесен инвалидитет кои имаат потреба од следните додатоци на ортопедски помагала, да се пријават на отворениот повик:

  • електричен додаток за движење на инвалидска количка (Electric Wheelchair Handcycle);
  • инвалидска количка на електромоторен погон.

Право да поднесат барање имаат членовите на Мобилност Македонија и други лица со телесен инвалидитет од 18-65 годишна возраст, кои ги исполнуваат медицинските индикации согласно Правилникот за индикациите за оставрување на право на ортопедски и други помагала, а неможат да го остварат правото преку ФЗОРСМ.

Лица кои претходно од сојузот добиле некое од наведените помагала, немаат право на пријавување.

Кон барањето треба да се достави дополнителна документација со која ќе се докаже исполнувањето на критериумите од членот 5 и 6 од Правилникот за распределба на инвалидски колички на електромоторен погон и други ортопедски додатоци на Мобилност Македонија и тоа:

 - Наод, оцена и мислење од надлежен орган или Конзилијарно мислење за функционален статус (ортопед, физијатар и невролог);

- Потврда од УЈП за примањата на барателот за минатата година;

- Потврда од здружението, доколку е активен во работата на органите и телата на здружението или ангажиран во спроведување на програмските активности;

- Мислење од специјалист невролог дека лицето е способно самостојно и безбедно да ја управува инвалидската количка на електромоторен погон или електричниот ортопедски додаток;

- Фотокопија од лична карта со која се потврдува возраста;

- Податоци за контакт, број од мобилен телефон и мејл адреса.

Јавниот повик ќе важи 15 дена од денот на објавување.

Барањето со целокупната потребна документација треба да се испратат по пошта на адреса: Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, ул.„11 Октомври“ бр.42а, Скопје, или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Некомплетните документи како и ненавременото доставени барања, Комисијата нема да ги разгледува.

Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет

на Македонија – Мобилност Македонија