На 05.11.2011 година во 10 часот во „Хотел Македонија” во Тетово  Мобилност Тетово и Гостивар беше домаќин на вториот републички турнир во  табла на Мобилност Македонија. На турнирот беа поканети сите здруженија  на Мобилност Македонија, а земаа учество 20 натпреварувачи од 8  здруженија и тоа: Мобилност Дебар еден учесник, Мобилност Кочани, Штип,  Велес и Струмица по двајца учесници, Мобилност Гевгелија тројца и  Мобилност Скопје и домаќинот по четворица натпреварувачи. На турнирот се  играа игрите табла и апс кој прв стигне до три систем на елиминација.  На турнирот прво место освои Дејан Атанасовски од Мобилност Гевгелија,  второ место Илчо Кангов исто така од Мобилност Гевгелија и третото место  го освои Зоран Јовановски од Мобилност Струмица. Учесниците на турнирот  ги поздравија и им посакаа успешен турнир gрадоначалникот на општина  Тетово Д-р Сади Беџети, пратеникот на СДСМ, г. Стојко Пауноски, и  пратеничката од ВМРО ДПМНЕ г-ѓа.Светлана Карапетрова.