НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

001Шест ученици од 6-то одделение при Меѓународното училиште IPS Macedonia кое работи по IB програмата (Meѓународна матура):Мартин Крстевски, Марио Иваноски, Андреј Михајлоски, Надја Митрески, Викторија Делова и Тарик Локче, придружувани од две наставнички: Кристина Ацовска и Сабина Фејзули, на 30.04.2025 година ја посетија канцеларијата на Мобилност Македонија и преку интервју на претседателот и секретарот на сојузот поставија повеќе прашања преку кои се интересираа за организациската поставеност на сојузот, нашата мисија, целите и задачите, нашата програма и реализирани активности, успесите и неуспесите со кои сме се соочиле, како и совет како тие би можеле да им помогнат на децата и лицата со телесен инвалидитет.

Ова организирана група на ученици од 6 одделение, придружувана од нивните ментори, во рамките на програмата на Меѓународното училиште IPS Macedonia, имаат предвидено PYP Exhibition на која работат поделени по тимови. Ова е всушност нивниот завршен проект за PYP (Primary Years Program), a овој тим работи на тема "Лицата со телесни инвалидитети во Македонијa"