НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

004Од 11-13.09.2025 година, во Сарајево, БиХ, во организација на Сојузот на параплегичари и заболени од детска парализа на БиХ, се одржаа 21. Републички спортски игри на кои настапија и спортисти од Мобилност Македонија: Адем Неби Ф58, Елена Давитковска Ф56, Зоран Јовановски Ф55 и Златко Арсовски Ф55.

Најдобар пласман освои Аџем Неби во класа Ф58, кој освои три први места во трите дисциплини во кои настапи со резултати: ѓуле 7,64 метри; диск 15,89 метри; и копје 15,67 метри.

Елена Давитковска освои едно второ и две трети места со резултати: копје 2 место 9.65 метри; диск 3 место 10,54 метри; и ѓуле 3 место 4,48 метри.

Зоран Јовановски во класата Ф55 освои исти пласмани како и Елена, едно второ и две трети места и тоа: копје 2 место 15,51 метри; ѓуле 3 место 6,55 метри и диск 3 место 15,04 метри.

Златко Арсовски освои бронзен медал во копје со резултат 13,11 метри, а во останатите дисциплини фрлаше: кугла 5.98 метри, диск 13,48 метри.