На 23.12.2025 во Клуб на пратеници, со почеток од 10:00 часот, беше одржана информативна средба помеѓу претставници на МСПДМ и претставници на инвалидските организации и здруженија.
Министерството за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ), во рамките на „Проектот за администрирање на социјалното осигурување“, поддржан од Светска банка, го започна процесот на пилотирање на системот за проценка на лицата со попреченост, согласно Законот за системот за проценка на лица со попреченост.
Во рамките на таа активност планирано е спроведување на информативни средби со различни чинители со цел запознавање на активностите кои се преземаат од страна на МСПДМ со цел ефикасно спорведување на процесот на пилотирање и проценка за лица со попреченост.
По воведното излагање на Дрита Аслани, советник во Кабинетот на министерот за социјална политика, демографија и млади, презентацијата за процесот на пилотирање на нацрт методологијата за проценка на лица со попреченост ја образложи Горан Петрушев, од служба за функционална проценка на деца и млади со попреченост.
Во отворената дискусија по завршената презентација, остра критика на текстот на методологијата даде прртседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, истакнувајќи дека дел од текстот на методологијата не е прифатлив за членовите на сојузот, особено во анексите од методологијата во кои се опишува остварувањето на одредени социјални права.
На пример за остварување на правото на надоместок за нега и помош од друго лице, авторите на текстот предвидуваат фактори на исклучување, односно се предлага лицето корисник да се одлучи дали ќе прима паричен надоместок зс негаби помош, или ќе користи социјална услуга, меѓу која и право на личен асистент. Исто така доколку лицето може да се движи во домот со помош на ортопедски помагала (колички, ортози, протези) се исклучува од право на надоместок. Ова е целосно неприфатливо за нас.
Во однос на Надоместокот за попреченост, критериум за исклучување, односно одбивање на право, е доколку лицето е работноспособно!!!. Нонсенс. Бранимир ги потсети присутните дека во 2010 година, како претставник на Мобилност Македонија, беше дел од работната група која ја предложи измената и дополнувањето на Законот за социјална заштита и донесување на ова право, и истиот надоместок од старт беше предвиден токму заради компензација на срњдства како зголемени трошоци за социјализација и инклузија кои ги имаат лицата со најтежок телесен инвалидитет и потполно слепите лица (подоцна и на потполно глувите лица), а со оваа нацрт методологија се предвидува токму спротивното, односно овие активни лица со попреченост да бидат исклучени од ова право, што е целосно неприфатливо.
Потоа фактор за исклучување од право на добивање на семејна пензија е доколку лицето со попреченост биде прогласено за работоспособно и може да заработи пари преку исплатена работа или доколку лицето може да се грижи за себе. Никој тука не се прашува дали лицето е едуцирано, дали има вештини и знаења, дали може повеќечасови да биде активно, на колку годишна возраст е, итн.
Претседателот на Мобилност Македонија, со оглед на тоа дека излагачите потенцираа дека изготвувањето на проценката ќе трае подолго отколку проценката што ја прават денешните комисии за добивање на мислење, постави неколку прашања и тоа:
-Колку комисии за проценка ќе постојат(ако е една проценката ќе биде спора и неефикасна)?
-За колку лица се предвидува потребата од класификација (дали за сите 15% од популацијата според статистиката на СЗО)?
-Која е предвидена динамика за завршување на тестирањето(за колку време ќе заврши, бидејќи без соодветна проценка, лицата нема да можат да си ги остварат своите права)?
На слична линија во своите дискусии беа и претставникот на НСИОМ во Коордонативното тело за спроведувањр на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидност при Владата на РСМ, Кристијан Лазаров, како и претставникот на Сојузот на глуви, Васко Марков.
Претставниците на министерството ја бранеа тезата дека ова методологија не определува право на надоместоци, на што укажавме дека не е точно, бидејќи факторите на исклучувања се составен дел на текстот на нацрт методологијата кој го добивме и денес го коментираме, и мора под итно да се избришат и да се корегираат во корист на лицата со попреченост.
Мобилност Македонија ќе ги достави своите забелешки и сугестии до изготвувачите на текстот и до МСПДМ, со надеж дека ќе бидат сериозно разгледани и целосно прифатени од институцијата.