НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА ПОВОЛНА ПОНУДА ОД ONE

one-logo

За членовите на Националниот Сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, ONE понуди два тарифни модела во мобилната и фиксната телефонија:

- Тарифeн модел ONE Mobile Care 

- Тарифeн модел на ONE Fix Care

 

Тарифниот модел ONE Mobile Care од мобилната телефонија на ONE, за членовите на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија ги нуди следните поволности:

  • ниска месечна претплата од 225 денари (со вклучен ДДВ)
  • во претплатата се вклучени разговори и услуги кон сите национални и странски мрежи
  • во износ од 354 денари бесплатни разговори и услуги кон сите ONE броеви (мобилни и фиксни)
  • 300 бесплтани SMS пораки во мрежата на ONE
  • 200 минути бесплатни видео повици кон корисниците на Mobile Care тарифниот модел

Вклучените износи за разговори и услуги во месечната претплата можат да се користат за: разговори, видео повици, SMS, MMS и интернет сообраќај во текот на целиот ден. Не можат да се користат кога корисникот е во роаминг.

Повиците кон ONE мобилна и фиксна мрежа чинат 4,8 денари/минута во нормална тарифа и 1,9 денари/минута во евтина тарифа.

Повиците кон други мобилни и фиксни мрежи (национални) чинат 6,9 денари/минута.

SMS пораките кон ONE чинат 3,6 денари, а кон другите мобилни мрежи 5,8 денари.

 

Тарифниот модел на ONE Fix Care од фиксната телефонија на ОНЕ, за членовите на Мобилност Македонија ги нуди следниве поволности:
  • ниска месечна претплата од 225 денари (со вклучен ДДВ)
  • вклучени 200 минути за разговори кон сите национални фиксни мрежи
  • иста цена за повици кон ONE фиксна мрежа (локални и национални) други национални фиксни мрежи од цена од 1,2 денари/минута
  • најниска цена за повици кон мобилниот корисници на ONE и тоа 5,9 денари/минута во нормална тарифа и 2,4 денари/минута во евтина тарифа

Сите корисници на тарифниот модел ONE Mobile care кои воедно ќе станат и корисници на тарифниот модел ONE Fix Care, ќе добијат специјална поволност – 30% попуст на месечната претплата на ONE Fix Care, за целото времетраење на договорот.

 

Потребни документи:

  • еден валиден документ за лична идентификација (лична карта или пасош)
  • копија од членска карта
  • потврда од здружението

 

Со склучување на договор за користење на понудените тарифни модели од мобилната и фиксната телефонија добиватe бесплатен мобилен телефон Alcatel OT-282, односно фиксен телефон Panasonik.