НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

„Социјална инклузија и интеграција на ранливите групи на пазарот на трудот“ и „Вклучување во пазарот на трудот-добри практики“

mtspПретставници од Мобилност Македонија, во рамките на проектот „Поттикнување на социјалната инклузија и инклузивен пазар на труд“ се вклучени во мултисекторската и мултиинституционалната тематска група, која е одговорна за изготвување на акциски план за вработување на лицата со инвалидност учествуваа на тематската работилница одржана во Клубот на новинарите на 10.01.2013 година. Акцискиот план ќе придонесе кон зголемување на нивната вработеност и ќе се потпомогне нивното задржување на пазарот на трудот, преку одговарање на специфичните потреби и потенцијали на ранливите групи.

Проектот „Поттикнување на социјалната инклузија и инклузивен пазар на трудот“  имплементиран во рамките на Министерството за труд и социјална политика, склучи меморандум за соработка со министерството, во кој двете страни се обврзуваат да превземат активности кои ќе придонесат кон потикнување на социјалната инклузија, а со тоа и подобро и поефикасно вклучување на ранливите групи на пазарот на трудот.

Целта на проектот е да се подигне институционалниот капацитет заради подобрување на дизајнот и испораката на постојните политики за социјална инклузија. Ова ќе се изврши преку зајакнување на капацитетите и вештините на релевантно засегнатите страни и преку промоција на повеќесекторската и меѓуинституционалната соработка.

Исто така цел на проектот е подобрување на ефикасноста и квалитетот на социјалните услуги во поглед на обезбедувањето пристап и потпомагање на интеграција на ранливите групи на пазарот на труд.

Проектот ја подржува интеграцијата на инвалидните лица на пазарот на трудот, зголемување на нивната вработливост и потпомагање на нивното задржување на пазарот на трудот преку одговарање на специфичните потреби и потенцијали. Ова се постигнува преку обуки чија цел е зајакнување на институционалниот капацитет и соработка помеѓу засегнатите страни, како на пример Министерството за труд и социјална политика, Центрите за социјална работа, Агенцијата за вработување, Заедницата на заштитни друштва, инвалидските организации и други релевантни институции.