На 25.03.2019 година во ДХО „Даре Џамбаз“ Мобилност Македонија, во соработка со огранокот за церебрална парализа од Мобилност Скопје, одржа тематска работилница за подигање на јавната свест за потребите на лицата со церебрална парализа, во рамките на меѓународните активности во месец март за ова група на граѓани кои овој месец го имаат промовирано како месец за подигање на свеста за лицата со церебрална парализа.
Во рамките на проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“, кој што заедно го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон (МДИ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ)-финансиран од Европската Унија,во деновите 15 и 16 март 2019 година, во хотел Континентал, Скопје,се одржа работилница на тема “ Градење коалиции меѓу медиумите и граѓанските организации “.
Во студиото на 24 Отворено со Бранимир Јовановски од Мобилност Македонија, Снежана Караџовска, Елена Кочоска од „Полио Плус“ и Ѓорѓи Станишевски од Центарот за ортотика и протетика, „Славеј“.
Во линкот подолу е прикачен видео запис од целата емисија.
Повеќе...Автор: Мајк Џемпсон
Со дополнителен материјал од: Анита Бенет, Лиз Кроу, Пем Данкан-Гленси, Еленор Лисни, Владо Крстовски и Националното здружение на новинари(Обединето Кралство и Ирска)
Дизајн:Милош Петров
Превод од англиски јазик: Мартина Кимовска
Оваа публикација е изработена од Институтот за медиуми и различности (МДИ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ), како дел од проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“, што е финансиран од Европската Унија.
Повеќе...На 12.12.2018 година, во ресторан „Грација“ во Куманово, во организација на Меѓуопштинското здружение на лица со телесен инвалидитет на Куманово, Кратово и Крива Паланка-Мобилност Куманово, а со финансиска поддршка од Мобилност Македонија, се одржа тематска работилница на тема: „Почит и обврска на локалната самоуправа кон човековите права на жителите на градот кои се соочуваат со пречки во мобилноста ПРИСТАПНО КУМАНОВО - ПРИСТАПНА МАКЕДОНИЈА“
Во рамките на манифестацијата беше одбележан 4 Декември-Ден на лицата со телесен инвалидитет на Македонија.
На работилницата присуствуваа 140 членови од здруженијата членки на Мобилност Македонија, а посебен белег на настанот му дадоа градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, градоначалникот на општина Кратово, д-р Љупчо Бојаџиев, советниците на Претседателот на Владата на РМ, Спасе Додевски и Сандра Поповска, претставници на секторите за урбанизам од повеќе општини, претседатели на национални инвалидски организации, претставници на институции и подрачни единици на фондовите, претставници на ортопедски куќи и други гости.
Повеќе...