НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

1Мобилност Македонија на 13-14.10.2018 година, во хотел „Галеб“ во Струга, го одржа јбилејното триесетто Државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет на Македонија.

На првенството настапија 24 натпреварувачи, од кои 21 натпреварувач од Македонија и 3 натпреварувачи од Република Српска, заради што прогласувањето на најдобрите се одржа во две категории, во Опен и за Државно првенство.
Главен судија на натпреварот беше Тони Пајдаков, а се играше Швајцарски систем, 8 кола со темпо 30 минути по играч.

Повеќе...

1Претставници на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, Софка Прчева и Горан Спасов на 10.10.2018 година, во просториите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија одржаа работен состанок со Комисијата за ортопедски помагала предводена од д-р Вера Митровска.

На состанокот се дискутираше во врска со нашите барања за измена и дополнување на Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала, беше рефериран прогресот во однос на изготвените анализи, поднесените иницијативи за промена на Закон за здравствено осигурување со кој ќе се ублажат критериумите за континуитет и можноста за доплата на ортопедско помагало над референтна цена, за делови за изработка на ортопедски помагала, за критериуми за инвалидски колички и слично.

Повеќе...

5Делегација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија во состав Софка Прчева генерален секретар на сојузот, и членовите на Управниот одбор на сојузот Дејан Ѓорѓиевски и Горан Здравков   од 1 до 3 октомври во Сански Мост, Босна и Херцеговина учествуваше на 12.Меѓународна конференција за статусот и правата на лицата со инвалидитет.

Конференцијата се одржува во рамките на кампањата „Да делуваме заедно“ а во организација на Координациониот одбор на кантоналните здруженија и Сојузот на лицата со инвалидитет на Унско-Санскиот кантон. На конференцијата со презентации на тема учествуваа претставници од Федералното министерство за труд и социјална политика на БИХ, претставници од Фондот за профелионална рехабилитација и вработување на лицата со инвалидитет на Федерацијата на БИХ, претставници од Народниот правобранител, како и делегации од државите во регионот: Словенија, Хрватска, Србија и Македонија.

Повеќе...

1Во организација на Сојузот на Параплегичари, заболени од детска парализа и останати телесни инвалиди Република Српска, одржан е 11. Меѓународен шаховски турнир на параплегичарите и 15. Републичко првенство на параплегичари "Бања Лука 2018" во период од 21.09 до 23.09.2018 година. 

Учество заземаа следните тимови:
1. Тим на Република Српска - Бања Лука
2. Тим Федерација Босна и Херцеговина
3. Тим на Округот Брчко
4. Тим на Република Србија
5. Тим на Македонија 
6. Тим на Словенија

Повеќе...

1Првопласираните-квалификувани на државното првенство во атлетика при сојузот на Мобилност Македонија(Гоце Миновски,Елена Давитковска,Златко Арсовски,Зоран Јовановски) оваа година беа учесници на 49 меморијален меѓународен натпревар- Професор Бојан Хроватина(заслужна личност која ја поставил основата на натпреварувачкиот дух на параплегичарите во р.Словенија).Натпреварот се одржа на 8 септември на атлетскиот стадион во Цеље на кој покрај домаќините учество земаа повеќе здруженија од земјите на Балканот.Нашите учесници се прикажаа во одлично светло и го финишираа своето учество со освоени неколку медали и пласман во повеќе атлетски дисциплини и тоа;

Повеќе...