НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

ng11Традиционално новогодишна средба во организација на здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје Мобилност Скопје и оваа година се одржа на 22.12.2012 година во прекрасниот амбиент на ресторанот Бисера во населбата Аеродром, кој е со најадаптирани услови за лицата со телесн инвалидитет. На новогодишната средба присуствуваа гости од сите општински и меѓуопштински здруженија низ Македонија, како и гости, соработници и пријатели. На нашата забава присуствуваа околу 350 лица. Одличната атмосфера и прекрасната музика на групата ДоРеМи ги забавуваше присутните.

Повеќе...

ihrlogoМобилност Македонија со свои претставници учествуваше на тркалезната маса во организација на Институтот за човекови права на тема „Дискриминација, состојби и предизвици“ одржана во хотел Континентал во Скопје на 13.12.2012 година. Целта на тркалезната маса беше да се истакне потребата од одржување на надзорна расправа во Собранието за имплементација на Законот за спречување и заштита од дискриминација со цел формално разгледување на имплементацијата на законот и анализа за негово подобрување.

Повеќе...

LogoНа 09.02.2013 година во Домот на ХО „Даре Џамбаз” Скопје, со почеток во 12 часот се одржа Седницата на редовното годишно Собрание на Мобилност Македонија.

Со седницата раководеше претседателот на сојузот, а по утврдувањето на дневниот ред, беа избрани записничар и двајца оверувачи на записникот.

По разгледувањето и усвојувањето на Записникот од  седница на Собранието на Мобилност Македонија одржана на 28.02.2012 година, се донесоа повеќе одлуки за усвојување на одредни акти на Мобилност Македонија меѓу кои:

Повеќе...

Mобилност Mакедонија – учесник на тематска работилница, семинар, работен состанок и тркалезна маса

Семинар на тема

„Професионалната рехабилитација на лицата со инвалидност и лицата со намалена работна способност“

seminar2Во организација на Министерството за труд и социјална политика и Федералното министерство за труд, социјални прашања и заштита на потрошувачите на Австрија, се одржа семинарот на тема „Професионалната рехабилитација на лицата со инвалидност и лицата со намалена работна способност“, на кој учествуваа претставници на Мобилност Македонија и на кој беа презентирани европските и австриските искуства на ова поле.

На семинарот се дискутираше како и со какви мерки можат да се мотивираат работодавачите и работниците со намалена работоспособност преку преквалификација и доквалификација да останат вклучени во работниот процес.

Повеќе...

Одржана тркалезна маса на тема „Политики и практики за вработување на лица со попреченост“

vrabotuvanje1Во организација на УНДП и Министерството за труд и социјална политика, на 06.12.2012 година во „Холидеј Ин“ се одржа тркалезна маса на тема „Политики и практики за вработување на лица со попреченост“, на која учествуваа претставници од Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност во Македонија, претставници на министерства, институции, здруженија на граѓани и други заинтересирани организации. Мобилност Македонија на оваа тркалезна маса го претставуваа: претседателот Бранимир Јовановски, генералниот секретар Софка Прчева, Оливера Наковска-Бикова од Битола и Рубин Ристески од Прилеп.

Пред да започне работниот дел на тркалезната маса, присутните ги поздравија: г-дин Алесандро Фракасети, заменик постојан претставник на УНДП во Македонија,  г-дин Ибрахим Ибрахими, заменик министер за труд и социјална политика и Бранимир Јовановски, претседател на Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност во Македонија. Модератори на тркалезната маса беа г-ца Милица Трпковска, вработена во УНДП и г-ѓа Силва Пешиќ, советник за човекови права на постојаниот координатор на ОН во Македонија.

Повеќе...