НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

Активности

logopatista

До Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, стигна допис од Агенцијата за државни патишта во кој не известуваат за следното:

 

Повеќе: Новини од Aгенција за државни патишта

Photo0651

На 21.03.2012 година во ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, во комплетна организација на Центарот за ортотика и протетика „Славеј“, а со подршка на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија во делот од просторот за презентација, беше одржана презентација на нови ортопедски помагала.

Повеќе: Презентација на ортопедски помагала

Лого

Благодарение на картите кои ни ги донира сопственичката на Bauerfeind од Скопје, Ирена Тепиќ, 15 членови на Мобилност Македонија, од кои повеќето кои користат инвлидски колички, и уште толку нивни придружници на 18.03.2012 година беа дел од навивачката група на ракометниот клуб Металург кој во прекрасна спортска атмосфера, во тешка и исклучително фер спортска борба го надигра реномираниот хрватски клуб Загреб, со резултат 19:18.

Им посакуваме поволен резултат на ракометарите на Металург и на возвратната средба која ќе се игра на 24.03.2012 година во Загреб.

Повеќе: Мобилност Македонија на ракометната средба

Kонференција за спроведување на проект финансиран од ЕУ Мобилност Македонија со свои претставници учествуваше на конференцијата за „Поттикнување на социјалната инклузија и инклузивен пазар на трудот“, ИПА проект финансисран од Европската Унија кој треба да ги зајакне човечките ресурси во сите институции кои што работат со ранливите групи, но и на самите лица коишто спаѓаат во овие категории. 

Овој проект ќе се спроведува во Македонија во наредните 20 месеци. Главна цел е градење на институционални капацитети, развој на човечки ресурси и подобрување  на ефикасноста на социјалните установи за потикнување на социјалната инклузија кај ранливите групи, како и јакнење на човечките ресурси во државните институции, локалната заедница, работните организации, кадешто треба да се унапреди знаењето на сите коишто работат со ранливите групи и со лицата со инвалидност.

Повеќе: Kонференција за спроведување на проект од ЕУ

LogoУправниот одбор на МОБЛНОСТ МАКЕДОНИЈА на својата седница одржана на 28.02.2012 година го усвои распоредот за користење на апартманите во Охрид за 2012 година.

Рокот за поднесување на барањата од членовите за користење на апартманите за закрепнување и рехабилитација е од 25.03-10.04.2012 година. Барањата ќе се поднесуваат во канцелариите на здруженијата.

Во 2012 година апартманите ќе се користат во следните термини:

Повеќе: Распоред за апартманите за 2012