Национален семинар „Децата со попреченост низ лупата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост’ - Хотел „Континентал“ - Скопје 24.02.2017
Семинарот го отвори министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, поздравен говор имаше Душан Нешевски - претседател на НСИОМ, модератор на семинарот беше Владо Крстовски од Порака. Во првиот работен дел говореа: г-дин Никола Бертолини - раководител на операции во Делгацијата на ЕУ, г-дин Патрик Кларк - член на Извршниот комитет на ЕДФ, г-ѓа Елизабет Ериксон - заменик претставник на УНИЦЕФ, г-дин Изет Мемети - Народен правобранител, а исто така говореа и децата со попреченост: Кристијан Божиновски, Марија Стоиловска и Ана Пулоска.
Повеќе: Децата со попреченост низ лупата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост
На 23 фебруари во канцеларијата на Европската Комисија во Скопје, беше промовиран Извештај од спроведеното истражување „Потреби и брања за услуги од професионална рехабилитација и персонална асистенција“. Проектот е подготвен од тимот кој го имплементира ИПА проектот „Промоција на услуги за социјална инклузија“.
Повеќе: Презентација на извештајот „потреби и барања за услуги од професионална рехабилитација и...
На 20 фебруари на Здружението на лица со телесен инвалидитет – МОБИЛНОСТ ВЕЛЕС, на свечен начин им беше предадено комбе – возило за превоз на лица во инвалидска количка.
Комбето е донација од германската компанија „Дрекселмаер“, со посредство на германската амбасада и Општина Велес.
Се работи за патничко возило – комбе на кое е вградена хидроулична рампа за непречен влез и излез од комбето при превоз на лица во инвалидска количка. На овој начин општината им излезе во пресрет на своите граѓани кои се со инвалидитет и имаат потешкотии при комуникација и движење.
Повеќе: ДОНАЦИЈА – КОМБЕ ВОЗИЛО ЗА ПРЕВОЗ НА ЛИЦА ВО ИНВАЛИДСКА КОЛИЧКА
На 21 фебруари се одржа ЕСРП Конференција (Консултации и следни чекори) со која се заокружи процесот на подготовка на Програмата за реформи во вработувањето и социјалната политика (Employment and Social Peform Programme – ESRP)
ЕСРП Програмата беше изготвувана во тесна соработка и координација со Европската комисија и истата претставува значајна сеопфатна секторска стратешка рамка, која ги утврдува клучните предизвици, приоритетни политики, реформи и конкретни мерки во областа на пазарот на трудот и вработувањето, човечки капитал и вештини, социјална заштита и социјална инклузија за периодот до 2020 година.
Повеќе: ЕСРП (Employment and Social Peform Programme – ESRP) Конференција