ОДРЖАН ШЕСТИОТ РЕПУБЛИЧКИ ТУРНИР ВО ТАБЛА ВО МОБИЛНОСТ ТЕТОВО И ГОСТИВАР
На ден 14 Ноември 2015 година беше одржан шестиот Републички турнир во табла на телесните инвалиди во Македонија. Турнирот беше одржан во Ресторан Арена во Тетово. Мобилност Тетово и Гостивар и оваа година традиционално беше домаќин. Од вкупно 16 здруженија на Мобилност Македонија на турнирот учество земаа 13 здруженија, со по двајца а некои и четворица натпреварувачи.Имаше вкупно 31 натпреварувачи кои играа во две добиени систем на елиминација. Во финалето влегоа двајца натпреварувачи од Мобилност Кочани и двајца од Мобилност Тетово. По одиграните натпревари за прво и второ место се бореа двајцата натпреварувачи од Мобилност Кочани и прво место освои Љупчо Филипов, а второ Јаќим Анастасов. За трето место се бореа двајцата натпреварувачи од Мобилност Тетово и Гостивар и третото место го освои Ненад Ѓероски. Дипломи и награди беа поделени од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија Светлана Карапетрова и Претседателот на Мобилност Тетово и Гостивар Велибор Јаќимовски, и тоа: пехар за првиот, табла за вториот и пијалок за третиот, како и по два пара папучи за сите тројца.
Учество на 9 Меѓународна конференција за статусот и правата на лицата со инвалидитет
Здружението Мобилност Македонија на покана на координацискиот одбор на здруженијата за лица со инвалидитет при Босна и Херцеговина учествуваше на 9 меѓународна конференција во Сански Мост во период од 28-29.10.2015.
Преставници на Мобилност Македонија беа:
Горан Здравков-член на управен одбор на Мобилност Македонија
Рашо Tалунџиќ-член на здужението Мобилност Македонија
Живка Талунџиќ-член на здружението Мобилност Македонија
Конференцијата започна на 28.10.2015 со свечено отварање и зема збор Г-дин Јусмир Алибабиќ. Следеа повеќе предавања и дискусии на теми поврзани со проблемите на лицата со инвалидитет при нивно вработување,лекување и рехабилитација на истите,проблемите со пристапност на институциите за лицата со ограничена подвижност,ставовите на просветните работници при едуцирање на деца со проблеми со говор.
На 28.10.2015 година во просториите на Фудбалска федерација на Македонија, делегација на Мобилност Македонија одржа едночасовна работна средба со висока делегација на ФИФА, која беше во работна посета на ФФМ. Дискутиравме за можноста да се продлабочи соработката на полето на фудбалската игри, тренерска едукација,, да се направат пристапни стадионите за лицата со инвалидност, да се подигне јавната свест за можностите за лицата со инвалидност и доколку се изнајдат стабилни средства, да се оформат неколку тимови на нашите здруженија во футсал како можност да се организираат и лига натпревари. Состанокот траеше скоро еден час и на крај излеговме со пријатно чувство дека сме на добар пат во комуникацијата и соработката со ФФМ.
Нашата сорабтка придонесе да се срушат архитектонските бариери во „Куќата на фудбалот на Македонија“ и сега таа е комплетно пристапна за лица кои се движат со инвалидска количка, и тоа не само рампата на влезот на објектот, туку и лифт, адаптиран тоалет, паркинг простор и адаптирани трибини на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Честитки до раководните лица на фудбалската федерацијата за преземените конкретни активности.
-Екипата на Мобилност Куманово најдобри квизаџии за 2015
На 24-25.10.2015 година во хотелот “Цар Самуил” во с.Банско-Струмица, се одржа 21 Републички квиз натпревар за лица со телесен инвалидитет на Македонија во организација на националниот сојуз МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА. Настапија 16 екипи од 15 општински и меѓуопштински здруженија. Првото место на годинешното квиз издание и епитет на најдобри квизаџии за 2015 година со освоени 134 поени во финалето и припадна на екипата на МОБИЛНОСТ КУМАНОВО во состав: Страшко Коцевски, Јанчо Ѓорѓевски и Савре Бојковиќ. На второто место со освоени 79 поени се пласира екипата на МОБИЛНОСТ СТРУМИЦА во состав: Дивна Танева, Љубица Боева и Љубе Лазаревски, додека третото место со освоени 57 поени и припадна на екипата на МОБИЛНОСТ КАВАДАРЦИ во состав: Николчо Делов, Ѓоко Костов и Ѓоко Стојанов. На четвртото, најнеблагодарно место во финалето, со освоени 43 поени се пласира екипата на Мобилност Велес во состав: Горан Здравков, Владо Владов и Денис Шаќиров.