
На 23.12.2025 во Клуб на пратеници, со почеток од 10:00 часот, беше одржана информативна средба помеѓу претставници на МСПДМ и претставници на инвалидските организации и здруженија.
Министерството за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ), во рамките на „Проектот за администрирање на социјалното осигурување“, поддржан од Светска банка, го започна процесот на пилотирање на системот за проценка на лицата со попреченост, согласно Законот за системот за проценка на лица со попреченост.
Во рамките на таа активност планирано е спроведување на информативни средби со различни чинители со цел запознавање на активностите кои се преземаат од страна на МСПДМ со цел ефикасно спорведување на процесот на пилотирање и проценка за лица со попреченост.
Вчера, 02.12.2025 година во хотелот " Double Tree by Hilton во Скопје, на пригоден начин беа доделени признанијата Ability Awards за 2025 година во 20 категории.
Ова беше второто издание на манифестацијата, а меѓу десетте лауреати од редот на лицата со попреченост, беа номинирани и се закитија со признанија и членовите на Мобилност Куманово, Кратово и Крива Паланка и тоа:
- Елена Давитковска во категоријата - СПОРТ, и
- Елизабета и Новча Тодоровски, во категоријата - САМОСТОЕН ЖИВОТ.
Честитки до добитниците на признанијата, пособена честитка до нашите членови, сосема заслужено.
Да потсетиме, на првото издание на Ability Awards, кое се одржа минатата година, нашиот член Бранимир Јовановски го доби признанието - БОРЕЦ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Денес, 04.12.2025 година, во ресторанот "Гардениа" во Велес, со пригодна свеченост беше одбележан 4. ДЕКЕМВРИ - Ден на лицата со телесен инвалидитет на Македонија.
Настанот започна со интонација на химната на Република Македонија, како и химната на градот Велес.
Потоа на присутните им се обрати градоначалникот на Велес, Марко Колев, а во отсуство на претседстелот на сојузот, Бранимир Јовановски, неговиот говор го прочита секретарот Гораст Велјовски, кој ви го пренесуваме во целост:
На 02.12.2025 година, во "Порта Македонија" во Скопје, во организација на Мобилност Македонија, се одржа изложба на ликовни дела од Ликовната колонија "Мобилност 2025", одржана во Охрид 09-15.10.2025 година.
Врамените дела имаа можност да ги видат дел од уметниците кои учествуваа на колонијата, членовите од здружените членки на сојузот, како и нашите пријатели и подржувачи на нашите активности.
Пред присутните гости се обрати претседателот на сојузот, Бранимир Јовановски, а во името на уметниците говореше Проф. Димитар Миладинов.
Настанот заврши со пригоден коктел.
Средства за организација на овој настан беа обезбедени од Министерство за социјална политика, демографија и млади.