Мобилност Македонија во соработка со УНДП ја развива соработката во однос на самовработување на лицата со телесен инвалидитет преку соодветни програми. Доколку сте заинтересирани да организираме обука за заинтересираните членови, ве молиме да се најавите во канцеларијата на Мобилност Македонија или даоставите порака во коментар.
Повикот од УНДП ви го пренесуваме во целост:
Дали сакате да бидете претприемач и да имате свој бизнис? Имате желба да се обидете да водите своја фирма, но не знаете каква поддршка може да очекувате?
Повеќе...
5. Септември е прогласен за Меѓународен ден на лицата со повреда на 'рбетот.
Овој ден се одбележува за да се истакнат важните аспекти од живот на лицата со повреда на 'рбетот низ историјата.
Меѓународното здружение на лица со повреди на 'рбетот (ISCoS) одлучи секоја година на 5. Септември се одбележува „Денот на лицата со повреди на 'рбетот“ со цел да се зголеми свеста на пошироката јавност. Се претпоставува дека со зголемувањето на свеста ќе се олесни инклузивниот живот на лицата со инвалидбост и ќе се обезбедат поголеми шанси за успех на превентивните програми.
Повеќе...
На 27-28.04.2024 година, во хотелот Конгресен Центар во Охрид, во организација на Мобилност Македонија и соорганизација од Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, се одржа 36. Државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет на Македонија.
На покана на амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Angela Price Aggeler, претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, присуствуваше на работна средба во просториите на амбасадата во Скопје, со уште неколку застапници на правата на лицата со инвалидност од нашата држава.
Националните инвалидски организации преку Националниот совет на инвалидски организации на Македонија доби допис за пријава на лица со инвалидност за учество на гастрономски натпревар „CUPI`S SPOON 2024 MAKEDONIJA“, на 27.02.2024 година во Македонија. Заинтересираните кандидати треба да пополнат пријава на подолу посочениот линк и доколку ги исполнуваат критериумите ќе добијат натамошни инструлции за времето и местото на одржување на натпреварот.