Мобилност Македонија посочува дека овој ден, кој се одбележува секоја година на 6-ти октомври, треба да послужи како платформа за подигање на свеста за церебралната парализа, за поддршка на оние кои живеат со оваа состојба и се залага за поголема вклученост и разбирање. Децата и возрасните погодени од церебрална парализа често се соочуваат со предизвици кои го попречуваат нивното целосно учество во општеството. Денот фрла светлина врз потребата за зголемена свест, разбирање и поддршка за лицата со церебрална парализа.
На 13.09.2023 година претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и генералниот секретар, Софка Печева, остварија работна средба со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
Од 08-10.09.2023 година во Ново Место и во Семич, Словенија, се одржува 33 Државно првенство во атлетика за параплегичари на Словенија и 54. меморијал проф. Бојана Хроватина, на кој учествуваат спортисти од Словенија, Чешка, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија.
Спортистите Елена Давитковска и Златко Арсовски од 24-27.08.2023 година во Врњачка Бања, учествуваа на 31 Републички спортски игри на параплегичари и квадриплегичари на Срвија во организација на СПИКС.
На 20.07.2023 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, во соработка со Народниот правобранител, а со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) во рамки на проектот „Практикувај демократија“ поддржан од Британската Амбасада во Северна Македонија ја презентираше изготвената анализа која има за цел да ја согледа состојбата со пристапноста до високото образование за лицата со попреченост. Иницијативата за оваа студија произлегува од обврската на државите потписнички на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост да обезбедат лицата со попреченост да имаат пристап до високото образование, без дискриминација и на еднаква основа со другите, поради што е потребно да овозможат разумно прилагодување за лицата со попреченост.