На 28.03.2023 во ДХО"Даре Џамбаз се одржа првата седница на Управен одбор на Мобилност Македонија во новиот состав, на која се донесоа бројни одлуки за реализација на Програмата за 2023 година, меѓу кои:
На 29.03.2023 година во ресторан Грација во Куманово, меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) организираше тркалезната маса за учеството на лицата со попреченост во изборните процеси.
На 21.03.2023 година, во канцеларијата на Мобилност Македонија, претседателот на сојузот, Бранимир Јовановски, оствари работна средба со новоименованиот амбасадор на Република Северна Македонија во Република Словенија, Горан Милевски.Националниот Сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија -Мобилност Македонија, објавува оглас за вработување на 1(едно) лице преку засновање на работен однос на определено време за работно место – секретар, со можност за продолжување на работниот ангажман.
1.Општи услови кои треба да ги исполни кандидатот:
-да е државјанин на Република Северна Македонија
-активно да го користи македонскиот јазик
-да има општа здравствена способност за работно место
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност
2.Посебни услови кои треба да ги исполни кандидатот:
-завршено високо образование (правни науки, социјална работа и политика, специјален едукатор - ќе се сметаат за предност);
-ниво на стручни квалификации: стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
-работно искуство: со или без работно искуство во струката;
-активно познавање на англиски јазик;
-познавање на работа со компјутер MS Office (Word, Excel, Powerpoint);
-да има познавање за пишување на проектни апликации;
-да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
Опис на работно место:
-ја координира соработката со секретарите и волонтерите на здруженијата членки на Националниот Сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија;
-подготвува месечни и годишни извештаи за реализираните активности;
-спроведување на проекти;
-врши други работни задачи по задолжение на Претседателот на Националниот Сојуз на лица со телесен инвалидитет на македонија - Мобилност Македонија, и согласно Правилникот за организација и систематизација на работите во службата на НСИОМ;
Паричен износ на основна нето-плата за време на определениот временски период: 22.000,00 денари.
Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на определено време од 3 три месеци.
Заинтересираните кандидати потребно е да ги достават следните документи:
-Доказ за државјанство;
-Доказ за општа здравствена способност / лекарско уверение;
-Потврда дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност;
-Уверение / диплома за завршен степен на образование;
-Доказ за познавање на англиски јазик;
-Доказ за познавање на компјутерски програми / потврда, сертификат;
-Кратка биографија
Потребната документација треба да се достави во затворен коверт на следната адреса: Националниот Сојуз на лица со телесен инвалидитетна Македонија - Мобилност Македонија, ул.„11 Октомври“ бр.42/а – Скопје. Документацијата која нема да биде поднесена на наведениот начин ќе се смета за некомплетна и нема да се разгледува.
На 06.12.2022 година, во ресторанот Гарденија во Велес, под покровителство на Мобилност Македонија, а во организација на Мобилност Велес, беше одбележан 4-ти Декември - Ден на лицата со телесен инвалидитет на Македонија.