
На 27.05.2021 година, на терасата на Музејот на македонската борба во Скопје, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија, се одржа јавен настан за подигање на свеста за потребите и правата на лицата со мултипла склероза, параплегија и дистрофија.
Денес, на 20.05.2021 година, преку Зум платформата, беше одржана јавна презентација на Компаративната анализа за вработување на лицата со попреченост во рамки на Проектот за администрирање на социјално осигурување. Презентери беа експертите од Институтот за развој на пазарот на трудот од Хрватска, Дарио Карачиќ и Антонио Матковиќ.Во Куманово започна проект за прилагодување на тротоарите за движење на лицата со инвалидност. Проектот е со целосна поддршка од градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Иницијативата ја покрена здружението на лица со телесен инвалидитет - Мобилност Куманово, кое укажува дека овозможувањето на непреченото и самостојно движење е основа за социјална инклузија на лицата со телесен инвалидитет и дел од мерките на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со инвалидност.