
На 10.10.2021 година во салата „Јасмин“ во Кавадарци се одржа натпревар во пинг понг во рамките на 33. Републички спортски игри, а во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија и во соорганизација со Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, финансиски помогнати од средствата за активност преку Министерството за труд и социјална политика.
На 06.10.2021 година, во ДХО „Даре Џамбаз“ се одржа одбележување на 6.Октомври-Светскиот ден на церебралната парализа.
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, ги повикува своите членови и лицата со телесен инвалидитет кои имаат потреба од следните додатоци на ортопедски помагала, да се пријават на отворениот повик:
Право да поднесат барање имаат членовите на Мобилност Македонија и други лица со телесен инвалидитет од 18-65 годишна возраст, кои ги исполнуваат медицинските индикации согласно Правилникот за индикациите за оставрување на право на ортопедски и други помагала, а неможат да го остварат правото преку ФЗОРСМ.
Лица кои претходно од сојузот добиле некое од наведените помагала, немаат право на пријавување.
Кон барањето треба да се достави дополнителна документација со која ќе се докаже исполнувањето на критериумите од членот 5 и 6 од Правилникот за распределба на инвалидски колички на електромоторен погон и други ортопедски додатоци на Мобилност Македонија и тоа:
Од 21-24.09.2021 година во Врнјачка Бања, во организација на Сојузот на параплегичари и квадриплегичари на Србија (СПИКС) беа одржани 29 Републички спортски игри на кои учествуваа и тројца натпреварувачи од Мобилност Македонија.