
Tимот за мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (КПЛП) при Одделот за заштита на правата на децата и лица со попреченост кај Народниот правобранител а во координација со сите граѓански организации кои се дел од независниот мониторинг механизам (НММ) го реиницира проблемот со пописните прашања кои се однесуваат на лицата со попреченост, и на 13.08.2021 повторно се обрати до директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС) со Препорака итно да се направи корекција, промена, односно подобрување на содржината на Прашалниците кои ќе се користат при реализирање на претстојниот попис, пришто сериозно ќе бидат земени предвид мислењата, забелешките и сугестиите дадени од организациите кои се дел од механизмот за мониторинг, а чии автентични ставови и реакции беа нотирани во дадената Препорака. Од страна на ДЗС на ден 23.08.2021 ни беше доставен одговор во кој е наведено дека: „Пописот претставува најмасовна статистичка акција преку која се прибираат голем број на податоци за единиците кои се предмет на попишување. Во таа смисла, не постои можност да се приберат сите барани податоци од различни категории субјекти, бидејќи на тој начин значително ќе биде оптоварена самата статистичка пописна акција...со Пописот се планира да бидат прибрани сет на податоци кои се однесуваат на наведената категорија на лица, преку што ќе може да се креираат бази на податоци во кои понатаму, преку конкретизирање на соодветно статистичко истражување, ќе може да се приберат поголем сет на податоци со потребен квалитет на наведените категории лица.“
На 22 и 23 јули 2021 година, во хотел „Конгресен центар“ - Охрид се одржа 33-тото Државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет, во организација на Мобилност Македонија и Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, а со поддршка на Министерството за труд и социјална политика.
Поради пандемијата од ковид-19, и оваа година бројот на учесници беше намален. На првенството учествуваа 15 шахисти кои играа по викенд правила на ФИДЕ во 5 кола. Судии на првенството беа Тони Пајдаков и Драган Дојчиноски.
Првенството се одржа согласно препораките на Комисијата за заштита од заразни болести.
Во спортска и фер атмосфера, на првенството беа постигнати следните резултати:
Во организација на Центарот за поддршка на НВО-Гевгелија во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) и Националниот Младински Совет на Македонија(НМСМ), на 17.06.2021 година во хотелот Аполонија во Гевгелија, беше органзирана јавна расправа на тема „Состојбата и предизвиците на лицата со телесен инвалидитет во општина Гевгелија’’. Воведничари беа: Сашо Поцков, Градоначалник на општина Гевгелија; Даниела Гошева Кангова од Здружение на лица со телесен инвалидитет Мобилност Гевгелија; Бранимир Јовановски претседател на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија; Томислав Цветковски од Министерство за труд и социјална политика, Скопје; Маријана Тошева од Општинска организација на Црвен Крст – Струмица. Присутни беа претставници на општина Гевгелија, Центар за социјални работи, Фонд за здравство, Црвен Крст -Гевгелија, Здружение на лица со телесен инвалидитет и Здружение на слепи лица.