НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

1Мобилност Македонија, во соорганизација со Параолимпискиот Комитет на Северна Македонија, на 28.09.2020 година, во хотел „Романтик“ – на езерото „Младост“ во Велес, го одржа 32-рото Државно првенство во шах.
Почитувајќи ги протоколите за одржување на шаховски натпревари во услови на пандемија, Мобилност Македонија успешно ја реализираше оваа активност предвидена во Програмата за работа за 2020 година, а поддржана од МТСП. Согласно протоколите, оваа година наместо вообичаениот број на учесници – шахисти, учество на првенството земаа 11 најдобро пласирани шахисти од минатата година.
Првенството се играше по Швајцарски систем – викенд правила на ФИДЕ со темпо на игра 30 минути по играч. Судии на првенството беа Тони Пајдаков и Драган Дојчиноски.
Во дисциплинирана и фер игра, според сите протоколи за заштита од Ковид 19, беа постигнати следните резултати:
Повеќе...
A1Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија-Мобилност Македонија, на 26-27.09.2020 година, во големата сала на ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, го одржа 26-то издание на Републичкиот квиз натпревар за лица со телесен инвалидитет на Македонија.
Натпреварот и во двата дена беше спроведен со строго почитување на мерките за заштита од ширење на корона вирусот, со дезинфекција на раце и нозе на сите учесници, мерење на телесната температурата со бесконтактен топломер, потпишување на изјави за согласност и прифаќање на ризик, правилно носење на маска за цело време на натпреварот, дезинфекција на подни површини, столови, маси и уреди, пред и по одржување на секое коло од натпреварот и секако, одржување на дистанца меѓу учесниците.
Повеќе...

s1На 25.09.2020 година во балонот на хотел Александар Палас во Скопје, претставници на Мобилност Македонија присуствуваа на работна средба што ја одржа министерката за образование и наука, Мила Царовска, со претставници на над 30 граѓански организации со кои дискутираше за заедничките цели и приоритети и можноста за соработка во реформите на образованието.

“Граѓанските организации се и ќе продолжат да бидат наш важен партнер во сите значајни процеси во општеството, меѓу кои е и образованието. Убедена сум дека поголемиот дел од вас работат, или се вклучени во различни процеси и креирање политики за подобрување и унапредување на образованието и очекувам дека ќе најдеме простор за заедничка соработка“ , рече Царовска.
Повеќе...

02Како чин на општествена одговорност и предизвик да се изгради фер општество пристапно за сите без исклучок, команијата АДИНГ од Скопје, чија дејност е производство и пласман на адитиви и други хемиски материјали за градежништво, донираше нивни производи на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, за реновирање на објектите за опоравок и рехабилитација во Охрид. Донацијата се состои од лепила, хидроизолации и смеси за фугирање, потребни за санација и обнова на подните површини на 11 апартмани во Охрид, со кои располага Мобилност Македонија. Со обновата на овие објекти, на нашите членови ќе им овозможиме користење на пристапни и безбедни сместувачки капацитети преку целата годинакои ќе се користат за спроведување на програмата за опоравок и рехабилитација, но и одржување на тркалезни маси, работилници, симпозиуми, ликовни колонии и спортско-физички подготовки.

Повеќе...

LogoОСНОВНИ ПРЕПОРАКИ

  1. Одржување на 2 метри растојание;
  2. Носење на заштитна маска;
  3. Дезинфекција на рацете.
  • Поставување на средства за дезинфекција кои содржат концентрација на алкохол од најмалку 70%, за дезинфекција на раце и нозе на одредено место, со назнака за задолжително користење на влез и пред секое коло од натпреварот;
  • Употребата на заштитни маски е задолжителна за целото времетраење на настанот;
  • Секое здружение има обврска да обезбеди доволна количина на заштитни маски за своите натпреварувачи кои редовно ќе ги менуваат и употребуваат пред и по натпреварот;
  • Секое здружение има обвска само да го организира транспортот на своите учесници до местото на одржување на квиз натпреварот, запазуваќи ги протоколите, препораките и мерките за транспорт на лица;
  • Зачестено чистење и дезинфекција на сите пултови кои се користат, материјалите и опремата, пред почетокот на натпреварот и по одржување на секое коло;
  • Одржување на препорачано физичко и социјално растојание (забрането е ракување, гушкање, или кој било друг физички контакт);
  • Тоалетите и останатите помошни простории зачестено да се дезинфицираат од сопственикот на објектот во кој ќе се изведува натпреварот.
Повеќе...